Конгресменот Трент Франкс од Аризона се приклучи на групата на пријатели на Македонија во Конгресот

Обединетата Македонска Дијаспора има задоволство да ве информира дека конгресменот Трент Франкс (републикец од осмата област на Аризона) стана најновиот член на групата на пријатели на Македонија и македонско-американска заедница во Конгресот.

„Конгресменот Франкс, шампион во прашањата за човековите права и религиозна слобода на глобално ниво, е голем пријател на Македонија и голем поддржувач на нејзиниот прием во НАТО,” рече претседателот на ОМД, Методија А. Колоски.

Конгресменот Франкс служи како ко-претседавач на Меѓународната група за религиозна слобода во Конгресот, која е воспоставена во 2006 година и чија цел е да ги следи меѓународните тужби против луѓе без разлика на нивната верска припадност. ОМД е член на неформалната меѓународна тркалезна маса за религиска слобода, која работи тесно на прашања поврзани со религиска слобода заедно со канцеларијата на Конгресменот Франкс.

Конгресменот Франкс исто така служи во Комисиите на Домот за вооружените служби и правда. Пред да започне со својата политичка кариера, тој 25 години водел мал бизнис.

На седми февруари оваа година, 40 членови на Претставничкиот Дом на Конгресот, вклучително и конгресменот Франкс, го потпишаа писмото до Државниот Секретар на САД, Џон Кери во кое го охрабруваат да продолжи во своите напори да го стави проширувањето на НАТО како клучен приоритет за САД и Алијансата на следниот Самит кој ќе се одржи во Обединетото Кралство во септември 2014 година.

Пријателската група за Македонија и македонско-американска заедница во Конгресот е двопартиската група на членови на Конгресот. Служејќи како глас за Македонските Американци во Вашингтон, ОМД се радува што работи со сите членови на пријателската група за Македонија во проширувањето на својата работа за јакнење на односите помеѓу САД-Македонија.