Конгресот ќе ја истражуваат смената на ревизорот кој го истражувал Помпео

Стивен Линик

Претставниците во американскиот Конгрес објавија во саботата дека отвориле истрага за смената на претседателот Доналд Трамп на челникот на ревизорската служба на Стејт департментот, главниот инспектор Стивен Линик, кој го истражуваше државниот секретар Мајк Помпео, поради можни злоупотреби на функцијата.

Претседателот на комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, Елиот Ленс Енгел демократ до сојузната држава Њујорк, и Боб Мендез демократ од сојузната држава Њу Џерси од комитетот за надворешни работи на Сенатот, објавувајќи го започнувањето на истрагата за потегот на републиканскиот шеф на државата, рекоа дека побарале релевантни документи уште во петокот.

Стивен Линик, која беше отпуштен во петокот, имал и помала улога во постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп, тврди телевизијата CNN, иако неговото име не фигурираше во ниеден извештај.

Белата куќа веднаш реагираше со соопштение дека главниот инспектор во Стејт департментот бил отпуштен по препорака на државниот секретар Мајк Помпео, а претседателот Доналд Трамп дал согласност за тоа. Стејт департментот ја потврди сментата на Стивен Линик, без појаснување за причините за тоа.

Енгел го критикуваше Трамп дека го отпуштил Линик за да го заштити „еден од своите најверни поддржувачи“, мислејќи на Помпео. Додаде дека дознал дека Линик отворил истрага за Помпео.

„Фактот дека Линик е сменет среде таква истрага упатува на тоа дека станува збор за нелегална одмазда“, додаде Енгел.

Лице од Конгресот, кое сакало да остане анонимно, изјавило дека Линик ги истражувал поплаките дека Помпео ја злоупотребувал позицијата на висок функционер во сопствена и во полза на неговата сопруга.

Демократите обвинуваат дека шефот на американската дипломатија често патува со владин авион придружуван од сопругата Сузан Помпео, која нема никаквва службена должност. Минатата година CNN објави дека „свиркач“ предупредил дека дипломатското обезбедување морало да се грижи и за семејното домашно милениче и да врши набавки за нив.

Во прилогот на CNN, исто така, се додава дека Помпео се залагал за смената на Линик и дека на неговото место ги избрал Стивен Акард, поранешен соработник на потпретседателот Мајк Пенс. Од минатата година Акард го води Бирото за странски мисии во Стејт департментот, коешто се занимава со дипломатите во САД.

Според американскиот закон, извршната власт мора 30 дена претходно да го извести Конгресот дека сака да го отпушти главниот инспектор во Стејт департментот.

Претседателката на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси, изјави дека Линик е „казнет бидејќи чесно ја извршувал својата должност на заштита на уставот и националната безбедност“. „Претседателот треба да престане да им се одмаздува на функционерите кои работат во служба на безбедноста на Американците, особено во овие времиња на светска криза“, додаде Пелоси.

Долгогодишниот обвинител Стивен Линик во 2013 година беше именуван од тогашниот американски претседател Барак Обама од Демократската партија, да ја контролира американската дипломатија која има буџет од 70 милијарди долари.