Конгресот ќе ги одржи првите сослушувања за НЛО по повеќе од половина век

Двајца високи функционери од воено-разузнавачкиот сектор ќе сведочат пред американскиот Конгрес во вторникот во првото сослушување за Неидентификуваните летечки објекти (НЛО) по повеќе од педесет години.

Сослушувањето пред разузнавачкиот поткомитет на Претставничкиот дом ќе се одржи 11 месеци по извештајот во кој се документираат повеќе од 140 случаи на она што американската администрација официјално го нарекува „неидентификувани воздушни феномени“ (UAP) коишто американските пилоти ги забележувале од 2004 година.

Попопуларниот израз НЛО долго е поврзуван со вонземски летала коишто не се споменати во во извештајот за UAP од ланскиот јуни. Наместо тоа, фокусот беше ставен на можните импликации за американската национална безбедност и безбедноста на авијацијата.

Меѓутоа, во извештајот некои од UAP случаите претходно беа претставен во видеоснимки на загадочни воздушни објекти коишто ги објави Пентагон. На тие видеоснимки неидентификуваните објекти покажуваат брзина и маневрирање коишто ја надминуваат познатата воздухопловна технологија.

„Американскиот народ заслужува целосна транспарентност“, порача во соопштението шефот на комитетот за разузнавачки работи Адам Шифф.

Воените и разузнавачки аналитичари коишто го подготвувале извештајот за случаите на „неидентификувани воздушни феномени“ не понудиле никакви докази за потеклото на кој и да е од 144-те случаи, освен еден припишан на голем балон кој се издувал.

За истражување на споменатите феномени од ланскиот ноември е задолжена нова агенција на американското министерство за одбрана под насловот Група за идентификација на воздушни објекти и синхронизација на управувањето.

Пред Конгресот ќе сведочат Роналд Мултри, кој ја надгледува споменатата нова агенција како секретар за министерството за одбрана за разузнавачки работи и безбедност, и Скот Бреј, заменик на директорот на морнаричката разузнавачка служба. Сослушувањата ќе се одвиваат зад затворени врати.

Одбранбените и разузнавачки аналитичари, исто така, сѐ уште не го исклучуваат вонземското потекло за кој и да е од случаите на UAP, изјавија за медиумите пред минатигодишното објавување на извештајот високи американски функционери.

Извештајот треба да претставува пресвтрница во политиките на американските администрации по децениите отфрлања, разотривања и дискридитирања на забележувањата на неиденфикуваните летечки објекти и „летечките чинии“ од 1940-те години. Станува збор за првото вакво сослушување пред Конгресот за НЛО од 1969 година.