Конгресот на САД ќе гласа за предлог-законот за финансирање на Владата

EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Сенатот на Конгресот на САД денеска ќе гласа за предлог-законот за буџетот, со цел да се избегне блокадата на федералната Влада, изјави лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер.
Предлог-законот потоа ќе треба да биде усвоен во Претсатвничкиот дом, за претседателот на САД, Џо Бајден да може да го потпише пред полноќ и да се избегне блокадата на федералните служби.
– Ќе гласаме утре наутро, изјави синоќа Шумер.
Актуелниот закон за финансирање на Владата истекува денеска на полноќ.
Ако претставниците во Конгресот не постигнат договор, вработените во Владата ќе престанат да ги работат, бидејќи не знаат од каде ќе бидат платени.