Конгресот на САД одобри 40 милијарди а Г7 – 18 милијарди долари за Украина

Американскиот Конгрес во четвртокот ја одобри воената помоша за Украина во износ од 40 милијарди долари како уште еден сигнал на „цврста поддршка“ на претседателот Џо Бајден за продолжување на војната на Киев против Русија.

Големиот пакет американска помош опфаќа 6 милијарди долари за безбедностни програми во Украина, вклучително обука на војници, опрема, оружје и поддршка, 8,7 милијарди долари за дополнување на резервите во САД за да се надомести опремата испратена во Украина и 3,9 милијарди долари за операциите на американската команда во Европа.

Покрај тоа законот овозможува дополнителни 11 милијарди долари кои претседателот може да ги активира во итен случај без да чека одобрување од Конгресот. Бајден во овој сегмент бараше 5 милијарди долари.

Законот одобрува и 4 милијарди долари за давање воена поддршка на Украина и други земји погодени од кризата,

Новиот пакет, исто така, вклучува и хуманитарна помош од 5 милијарди долари за решавање на глобалната несигурност на храната поради судирот и речиси 9 милијарди долари за фонд, меѓу другото, да се обезбеди „континуитетот на украинските демократски инстотуции“ и за економска поддршка на Украина .

Обезбедива и стотици милини долари за помош на белгалците и ги финансира напорите за заплена на имотите на руските бизнисмени кои САД ќе ги означат дека се поврзани со рускиот претседател Владимир Путин.

„Мерките за помош на Икрана е многу повеќе од обична милостина. Од исходот на оваа војна ќе зависи американската безбедност и стратешките интереси“ на САД, изјави водачот на републиканците во Сенатот, Мич Мекконел, неколку часа пред горниот дом на Конгресот со големо мнозинство да ги одобри овие финансиски средства.

Точно пред една седмица 40-те милијарди долари наменети за воена помош за Украина не поминаа на седница во американскиот Сенат, откако републиканскиот сенатор Ренд Пол ја закочи постапка барајќи смена на договорот со која инспектори ќе можат да надгледуваат како точно ќе се потрошат овие пари. Со противењето на Пол усвојувањето на помошта беше одложено до четвртокот.

Нацрт законот пред десетина дена го потврди Претставничкиот дом, сега треба да го потпише претседателот Џо Бајден. Кон средината на март Конгресот веќе деблокираше речиси 14 милијарди долар за Украина, но Бајден со седмици бара значително зголемување на буџетот за да може да се поддржи Украина во војната против Русија/

Овие 40 милијарди долари, колку што во 2020 година изнесувал бруто домашниот производ (БДП) на Камерун, на пример, изненадувачки доби поддршка од двете партии.

„Коа станува збор за (рускиот претседател Владимир) Путин, можеме да решиме да платиме веднаш или подоцна“, изјави републиканскиот пратеник Линдзи Грам кој не е познат како голем поддржувач на политиките на демократскиот претседател Бајден.

По прврите пратки оружје, САД сега испраќаат помодерно офанзивно оружје како артилериски оружја, хелокоптери и беспилотни летала, за чиешто користење украинските војници се обучуваа во САД и во трети земји, а кои треба да бидат тестирани во сооднос со руското оружје и исто така да ја натераат Москва на украинското боиште да го прикаже остатокот од своите помодерни борбени системи кои сѐ уште не ги вклучила.

Сентатот, кој е традиционален сојузник во секој распоред на силите во него на американските претседатели кога станува збор за надворешната политика, ја потврди Бриџет Бринк, дипломатка од кариера, за нова амбасадорка во Киев, каде што САД немаа амбасадор до 2019 година.

Во Германија, исто така во четвртокот вечерта, челниците на групата Г7 ја потврдија договорената помош од 18,4 милијарди долари за Украина за земјата да може да ги исплари своите сметки следните месеци. Челниците од седумте земји рекоа и дека се подготвени да го поддржуваат Киев во текот на целата војна против Русија и дека ќе сторат уште повеќе доколку биде потребно, според нацрт-соопштението во коешто увид имала агенцијата Reuters.

Министрите за финансии и гувернерите на централните банки на САД, Јапонија, Канада, Велика Британија, Германија, Франција и Италија, се договараат како да ја помогнат Украина, којашто и пред војната најмногу поради ендемската корупција во земјата беше во лоша финансиска ситуација.

„Во 2022-ра мобилизиравме 18,4 милијарди долари буџетска поддршка, вклучително и 9,2 милијарди долари неодамна преземените обврски. Ќе продолжиме да стоиме до Украина во текот на оваа војна и по неа и подготвени сме да сториме повеќе според потребите“, се наведува во нацрт-документот кој бил во посед на Reuters.

Во документот, исто така, Г7 го поздравуваат предлогот на Европската комисија од средата на Украина да ѝ позајми 9 милијарди евра и се истакнува дека Европската банка за обнова и развој и Меѓународната финансиска корпорација планират поддршка во вредност од 3,4 милијарди долари. Но нејасно е дали тие средства се дел од 18,4 милијарди долари или се одвоени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.