Конгресот на САД побара од бугарскиот амбасадор во Вашингтон да се тргне бугарското вето

Се надеваме дека ќе ги ставите разликите настрана и ќе поддржите целосна политичка интеграција на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, му напишаа конгресмените на бугарскиот амбасадор во Америка.

Се надеваме дека ќе ги ставите разликите настрана и ќе поддржите целосна политичка интеграција на Северна Македонија и Албанија во Европската Унија“, се вели во писмото на двопартиската конгресна група.

Членовите на Конгресот, меѓу кои демократскиот конгресмен од Масачусетс Бил Китинг и републиканската конгресменка од Њујорк Клаудија Тени, напишаа дека се свесни оти „покрај тоа што Северна Македонија и Албанија ги исполнија условите да ги почнат пристапните преговори со Европската Унија, останува спорот меѓу вашата држава и Северна Македонија, што ги спречува Албанија и Северна Македонија да ги почнат тие разговори“.