Коњановски: Шестотини милиони евра за развој на македонското земјоделство

Во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ се предвидени 600 милиони евра за развој на македонското земјоделство, рече денеска Зоран Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Доследни на ветеното во 2006 година, ВМРО-ДПМНЕ изминативе години покажа што значи поддршка за земјоделците во Македонија. Покажавме дека земјоделството е еден од основните приоритети во нашата работа, а земјоделците наши блиски соработници. И затоа од 2006 до 2013 година наменивме 640 милиони евра, за развојот на македонското земјоделство. Поддршката за развојот на македонското земјоделство и развојот на македоснките села ВМРО-ДПМНЕ ќе ја продолжи и во идниот четиригодишен период. Со уште повисоки финансиски средства, со дополнителни проекти и мерки. За таа цел во новата програма предвидуваме највисока поддршка за македонското земјоделство, што досега е забележана.  600 милиони евра за развојот на македонското земјоделство. 600 милиони евра за развојот на селата во нашата држава и подобрување на условите за живот. 600 милиони евра за поголемо производство на храна. 600 милиони евра за отворање на нови работни места во земјоделскиот сектор“, рече Коњановски.

Финансиска поддршка, како што рече тој за земјоделците која во новата програма предвидуваме да се исплаќа преку однапред дефиниран  Календар за субвенции, со кој ќе биде определена стриктна динамика на аплицирање и рокови за исплата на субвенции.

„Согласно реализацијата на проектот Календар за субвенции, времето на исплата на субвенциите ќе биде усогласено според потребите на земјоделците за финансирање на земјоделските активности и според карактеристиките на земјоделското производство. Станува збор за проект, кој во повеќе наврати го разговаравме со земјоделските здруженија и истиот е составен дел на новата програма на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија. Свесни за значењето на развојот на селата во Република Македонија предвидуваме продолжување на континуитетот на постојано подобрување на условите за живот во руралните средини во сите општини во Република Македонија. За таа цел во новата програма предвидуваме до 2016 година да бидат реализирани 195 поединечни проекти од витален интерес на населението во 73  рурални места во општините во Република Македонија. Проекти за кои е веќе подготвена проектната документација и имплементацијата ќе следи веднаш во текот на 2014 година, со обезбедена финансиска конструкција од 20 милиони евра, и уште најмалку 20 милиони евра за 2016, 2017 и 2018 година за проекти наменети за руралните средини“, рече Коњановски.

Поддршка, како што реле тој, која е од огромно значење за секое населено место во Македонија. Поддршка која ќе ја реализираме во партнерство во општините во нашата држава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.