Коњановски: Владата поддржа 134 проекти за рурален развој во 72 општини

Преку Програмата за рурален развој  оваа година Владата поддржа вкупно 134 проекти во 72 општини, за што се одвоени 1.045 милијарди денари што е највисока подршка досега за локалната самоуправа и по обем и по квалитет, истакна заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски, при денешната посета на општина Зрновци.

Во општина Зрновци, посочи, преку програмата за рурален развој се реализираат два проекти во вкупна висина од 11,5 милиони денари,од кои едниот е за изградба на плоштад во Зрновци во вредност од 5,4 милиони денари и изградба на фекална канализација во село Видовиште во вредност од 5,9 милиони денари. Двата проекта кои значат многу за општината Зрновци се пример на одличната соработка со градоначалникот и општионата, истакна Коњановски.

„Двата проекта се од особено значење на жителите на Зрновци и Мородвис.Плоштадот ќе значи место за собирање на жителите во Видовиште ќе се продолжи со реализациоја на втората фаза од канализацијата“, истакна градоначалникот Блаже Станков.

На новинарско прашање каков ќе биде ставот на  ресорното Министерство во донос на подготовките на акомулациите во државата  пред престојната наводнителна сезона, Коњановски  истакна дека Владата ќе ја помогне ревитализацијата на водоснабдителните системи и акумулации, но оти е потребно земјоделците и водоскорисничките здруженија навреме да си ги подмират долговите кон Водостопанство за искористената вода.