Конкурсот за поетската награда „Антево перо“ влегува во завршна фаза

До завршувањето на Конкурсот за престижната поетска награда „Антево перо“, која се доделува за најдобра необјавена стихозбирка на македонски јазик, преостануваат уште десетина дена.
Наградата востановена во чест на творештвото на Анте Поповски, се доделува за необјавена поетска книга на македонски јазик , а според организаторите Конкурсот и годинава предизвикува и побуди добар одглас, кој се очекува да резултира и да ја збогати македонската продукција со повеќе нови, но што е уште позначајно, со поквалитетни и поуверливи поетски творечки наслови и дострели. Идентично како и во изминатите години, жири комисијата со задоволство ги евидентира пристигнатите дела од поетите од сите генерации, што само по себе значи дека и овојпат во целост е исполнета замислата со Конкурсот пред се да стимулиураат творци да се оствааруваат, да го негуваат и творат на македонски јазик.

Сите автори кои во овој рок раководени од динамиката на мислата и својата креативност ќе успеат да ги заокружат своите најнови поетски сочиненија со испраќање на своите збирки на електронската адреса: antevopero@gmail.com, ќе бидат учесници на поетскиот натпревар за наградата востановена во чест на македонскиот поетски маг Анте Поповски.