Коно: Јужна Кореја погрешно ги проценила безбедносните околности

Амбасадорот на Јужна Кореја денеска беше повикан на разговор поради одлуката на официјален Сеул да прекине со споделување разузнавачки податоци со Токио, изјави министерот за надворешни работи на Јапонија, Таро Коно.

Коно истакна дека Јужна Кореја погрешно ги проценила безбедносните околности.

Официјален Сеул претходно донесе одлука да го прекине договорот со Јапонија за споделување разузнавачки информации.

Како што пренесуваат странските агенции, таквата одлука може да ги наруши односите помеѓу двете земји и да доведе до полоша безбедносна соработка во однос на прашањето за Северна Кореја.