Констракта се фати за глава откако се пласира во финалето на Евровизија, а ова се првите зборови (ВИДЕО)

Очекувано Србија се пласираше во финалето на „Песна на Евровизија“, а претставничка Ана Ѓуриќ – Констракта доби овации од публиката по настапот во Торино.

Сепак, домаќините ја прочитаа Србија последна од листата од 10 земји кои отидоа понатаму по втората полуфинална вечер.

Освен Србија, вечерва во финалето се најдоа и: Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија.

Инаку Србија бидејќи се пласираше последна донесе голем стрес и возбуда кај гледачите и целиот регион, а во истата секунда кога беше прочитана Србија, Ана Ѓуриќ извика, „Ајде бре, добро е, ок е“.

По првата полуфинална вечер во вторник, во финалето се пласираа Ерменија, Холандија, Молдавија, Украина, Португалија, Грција, Норвешка, Литванија, Исланд и Швајцарија.