Конте ги претстави мерките за ублажување на карантиот од 4-ти мај

Италија ќе ги олесни бројните мерки донесени поради пандемијата на коронавирусот од 4-ти мај, и ќе му овозможат на населението да се занимава со спорт на отворени и вежбање во близина на своите домови, најави во неделата доцна вечерта премиерот Џузепе Конте.

Претставувајќи го владиниот план за постепено отворање на земјата, датумот 4-ти мај го најави во Рим, Џузепе Конте, по седмици стриктен карантин поради забавувањето на ширењето на коронавирусот во земјата.

Италија е една под најпогодените земји во светот во пандемијата на коронавирусот, во карантин е подолго од која и да е друга западна земја, односно од 10-ти март, и досега забележа над 26.000 починати од Covid-19 од севкупно речиси 200.000 заболени.

Конте појасни дека луѓето ќе може да се движат во своите населби од почетокот на мај по одредени правла, но засега останува на сила забраната за патување во други региони на земјата.

Премиерот ги предупреди граѓаните дека борбата против коринавирусот е далеку од тоа дека е завршена. „Во претстојните месеци ќе бидеме ставена на тешки тестови“, порача Конте.

Училиштата нема да бидат отворени до септември, ја потврди Конте најавата од интервјуто кое беше објавено претходно во неделата во дневниот весник La Repubblica. „Училиштата ни се многу важни и тие повторно ќе бидат отворени во сепрември“, рече Конте. Владата ги затвори училиштата, детските градинки и универзитетот ширум земјата на 5-ти март.

Покрај олеснување за граѓаните, владата планира и постепено укинување на рестиркциите за деловните активности, рече Конте.

„Почнувајќи од 4-ти мај, се одобрува работа на баровите и рестораните за носење без масовно групирање на луѓе пред нив и во редици. Храната ќе се консумира дома или во канцелариите. Го обвновуваме целото производство, сите градежни активности и целата трговија на големо која е поврзана со нив“, рече Конте на прес-конференциајта говорејќи за одредбите од идната уредба која ќе содржи остранување на дел од рестриктивните мерки.

Конте притоа истакна дека ќе биде одредена фиксна цена за медицинските маски, која ќе изнесува 50 евроценти, како и укинување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за овој вид производи. Оваа мерка ќе биде преземена за да се спречи шпекулатинвата трговија, како што се случи на почетокот од избувнувањето на епидемијата, доколку биде донесена одлуката за задолжително носење маски за лице.

„Се движиме кон постепено укинување на крантинот од 4-ти мај, но сакаме состојбата и натаму да ја држиме под контрола. Регионите секојдневно ќе нѐ информираат за кривата на епидемиолошката состојба. Министерството за здравство три дена по декретот ги наведе праговите на вредностите коишто ќе мора да се следат за да се интервенира во одредени ситуации и да се ‘затвори славината’“, истакна италијанскиот премиер.

Конте порача и дека првиот преиорите е задравјето и безбедноста на вработените, па се очекуваат и нови правила за однеувањата на работните места.

„Не можеме повеќе да го продолжуваме карантинот. Во спротивно, ризикуваме премногу социјални и економки штети“, истакан италијанскиот премиер.