Конте го критикуваше ВАР по нерешениот резултат со Спортинг поради поништениот гол

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте, изрази незадоволство од ВАР системот по натпреварот со Спортинг (1:1) во 5. коло од Лигата на шампионите.

Италијанскиот фудбалски стручњак беше огорчен од поништувањето на гол на Хари Кејн во последните моменти од мечот.

– Мислам дека топката беше пред Кејн, така што голот е регуларен. Не разбирам каква линија нацртале. Многу е тешко да се коментира оваа одлука. ВАР прави голема штета. Би сакал да видам дали ќе поништат ваков тип на гол на друг стадион за некој врвен тим. Јас би сакал да знам. Многу неправда. Не ми се допаѓаат овие ситуации. Не гледам ништо добро. Второто полувреме беше позитивно и одигравме со голем интензитет. Заслуживме да победиме, но знаеме што се случи. Сега треба на следниот натпревар да бркаме осминафинале. Кога ќе смислите вакви ситуации, му нанесувате голема штета на клубот. Тоа е проблемот, изјави Конте за Би-би-си.

Тотенхем е на првото место во групата со 8 бодови, додека Спортинг има бод помалку.