Конте и официјално го напушти Интер

This file picture, dated 23 May 2021, shows Fc Inter President Steven Zhang (L) and head coach Antonio Conte during the award ceremony of the Scudetto trophy at the end of the Italian serie A soccer match between FC Inter and Udinese at Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy. ANSA / MATTEO BAZZI

Антонио Конте во средата го раскина договорот со новиот италијански фудбалски првак милански Интер, само неколку денови по завршување на сезоната во која со „Нераѕурите“ ка освои титулата, првпат за овој клуб по 11 години.

Конте изразил незадоволство со плановите на клупското водство кое сака да ги намали трошоците поради пандемијата на коронавирусот, што подразбира за следната созана планирана добивка од 100 милион евра и намалување на платите на играчите за 15 до 20 отсто. Тоа е во спротивност да го прекине досегашниот план за развој на кој Конте му бил претставен во 2019 година.

„ФК Интрнационале може да потврди дека постигнавме договор со Антонио Конте поврзан со завршување на неговиот договор, Клубот му се заблагодарува на одличната работа која ја изврши, а која кулминираше со освојувањето на 19-та шампионска титула. Антонио Конте засекогаш ќе остане дел од историјата на нашиот клуб“, објави Интер.

Конте, кој во Интер дојде летото 2019 година, со клубот имаше потпишан договор до 2022 година.

Како можни наследници на Конте се споменуваат поранешниот тренер на Јувентус, Масимилиано Алегри и актуелниот тренер на Лацион, Симоне Инзаги.