Контејнерите преполни, директорката на ЈП „Комунална хигиена“ вели, тоа е дело на група контролирана од политичка партија

-Група контролирана од политичка партија на која ѝ се скратени бенфициите, го блокира функцинирањето на ЈП „Комунална хигиена“ и спречува да се собира ѓубрето низ Градот, изјави на прес конференција директорката на ова претпријатие, Косана Мазнева, откако  неколку дена ѓубрето низ Скопје не се собира од службите. Таа тврди дека револтот кај некои лица е поради тоа што наредила да се воведе сменско работење, пр што група вработени постојано работеле во трета смена и добивале бенфиции поради тоа, а не доаѓале на работа.

– Нема да дозволам другите вработени да бидат жртви на уцени на ова добро познато подземје. Комуналан хигиена не е политичка партија, ниту е приватна фирма, туку јавно претпријатие и нема да дозволам политички центар да ја контролира работата. Овие лица кои ја блокираат работата не се членови на синдикатот, ниту се вработени. Незадоволството е затоа што донесов одлука за сменско работење и сите вработени треба да ротираат во три смени. Тоа е спротивно на праксата која била со години, само одредени лица да работат во трета смета и да добиваат бенефиции за тоа. Најголем дел од нив не се појавувале на работа и не ги извршувале своите обврски. Затоа што ставив крај на таквата пракса овие лица сега организираат блокада, а имаат други работни места и бизниси“, рече Мазнева.

Таа обвини дека оваа група им се заканува на останатите вработени да не излегуваат и да работат и затоа среде лето не се собира ѓубрето и се загрозува здравјето на граѓаните на Скопје.

Мазнева вели дека се поднесени и пријави до МВР и до Обвинителството за заканите по живот кон неа и кон другите вработени.

Директорката објасни дека на вработените им биле зголемени платите во март за 864 денари. А, договорите за работа не им се продолжени на оние кои воопшто не се појавувале на работното место. За одење трета смена на работа тие земале повеќе од 35 проценти повеќе за плата на својата трансакциска сметка.