Континуирано се подобруваат условите за живот на лицата со инвалидност

Со цел создавање на едно поинклузивно општество, Владата континуирано превзема мерки со кои се олеснува и подобрува животот на лицата со инвалидност и попреченост. Затоа денеска министрите за труд и социјална политика и транспорт и врски Диме Спасов и Миле Јанакиески остварија средба со претседателите на Националните сојузи на слепи и на телесни нвалиди и со представници од здружението „Полиоплус“.

„Токму поради тоа на последната седница на Владата на Р.Македонија беа усвоени низа законски измени со коишто значително ќе се подобри животот на лицата со инвалидност, односно простапот со сите објекти од јавна намена, до сите деловни објекти и до сите станбени згради коишто во иднина ќе се градат, при што предвидено е сите објекти да имаат пристапни рампи за инвалиди, исто така предвидено е лифтовите да бидат прилагодени за пристап на телесни инвалиди и за слепи лица, а понатаму се предвидува и централните градски подрачја и во градските паркови каде што ќе се градат нови пешачки патеки или ќе се реконструираат постоечките, истите да бидат прилагодени со тактилни патеки коишто ќе бидат наменети за слепите лица“, рече Спасов, додавајќи дека се работи за посебни перфорирани патеки коишто ќе го олеснат движењето на лицата со инвалидност, како и орентацијата во просторот.

dime500

Предвидено е и воведување на здаолжителна звучна сигнализација на семафорите, како и низа други мерки, со кои, како што нагласи Спасов, значитечно ќе се подобри квалитетот на животот на лицата со инвалидност.

„Не постои совршено општество меѓутоа наша цел е континуирано да продонесуваме за поинклузивно општество во Р.Македонија“, нагаласи Спасов.

Како што нагласи министерот Јанакиески, дел од подзаконските акти ќе се допрецизираат во понеделник.

mile500

„Ќе се опише што се` треба да содржат например становите, ние во Законот за гардба напарвивме измена кадешто секој десети стан мора да биде така изграден и адпатиран со пристап за инвалидите лица и тоа треба точно да се опише во подзаконските акти, точно да се опише како ќе изгледаат лифтовите-со брајова азбука, со звучна сигнализација, значи за сите оние мерки кои ги донесовме како Влада дијалогот ќе продолжи за да ги изготвиме сите акти и очекувам дека по влегување во сила на Законот за градење веднаш да бидат донесени и подзаконските акти за да можат сите овие мерки да бидат во функција, се со цел да се олесни животот на оваа група на граѓани“, посочи Јанакиески.

Тој додаде дека реконструкцијата на железничката станица во Скопје, која ќе биде направена по највисоки стандарди, ќе биде одличен пример како треба да изгледаат јавните објекти во иднина.

По денешната средба, министерот Спасов истакна дека и понатаму ќе породлжат со отворената и директна соработка со овие здруженија со цел изнаоѓање на најразлични начини со кои системски ќе се придонесе да се решат сите проблеми со кои се соочуваат овие лица.

Најзадоволни од новите Владини мерки се претседателите на Националните сојузи на лицата со инвалидност, бидејќи како што истакна претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, истите ќе го олеснат вклучувањето на лицата со инвалидност во сите сфери на општественото живеење.

Овие мерки, како што нагласи претседателот на Националниот Сојуз на слепи лица Жарко Селковски, се од огромно значење за слепите лица, бидејќи со овие тактилни патеки и поставувањето на брајово писмо во лифтовите, слепите лица ќе можат безгрижно и самостојно да се движат.