Контрадикторните изјави на власта доказ дека до никаде не сме со вакцините

54

Сè поизвесно e дека македонските граѓани уште долго ќе останат затворени за останатиот свет и дека и оваа 2021 година ќе ни помине во чекање власта да си ја заврши работата. Додека целиот регион веќе започна со вакцинација на медицинскиот кадар, постарите лица и хронично болните, а во Србија, пак, веќе и обичните граѓани уредно ја примаат првата вакцина, во Македонија сè уште нема ни конкретен план како ќе тече целиот процес.

Од власта, која мелтее дека е транспарентна, секојдневно добиваме различни изјави до каде се и што прават со набавките.

Радио слободна Европа“ во едно видео ги собра сите контрадикторни изјави на власта поврзани со набавката за вакцини, само од последниот месец.

-Прво ги полагаа сите надежи во ветените вакцини преку КОВАКС механизмот на СЗО, но откако се покажа дека тие нема да стигнат набрзо, почнаа да размислуваат за алтернативи, во време кога речиси целиот регион почна со вакцинација. Сега Македонија се надева на неколку илјади вакцини кои ќе го добие од соседите, откако премиерот во декември тврдеше дека неколку илјади не значат ништо. Министерот за здравство Венко Филипче вчера рече дека се размислува за набавка на кинески вакцини, откако само три дена претходно премиерот Зоран Заев рече дека Македонија сака западни вакцини, зашто е членка на НАТО.

Опозициските партии во Македонија велат дека доцнењето во процесот на снабдување со вакцини ја покажува неспособноста на владините преставници.

-Сметам дека ние како држава заглавивме во договорите направени со компаниите што произведуваат вакцини, а исто така и во врска со програмата Ковакс, вели за Радио Слободна Европа, Арбен Таравари од опозициската коалиција, Алијанса за Албанците – Алтернатива.

Таравари, кој претходно беше на чело на Министерството за здравство, е скептичен дека Македонија може да започне масовна кампања за вакцинација пред мај или јуни.

Андон Чибишев, кој е член на собраниската Комисија за здравство, исто така ја обвинува владата за неспособност поради доцнењето во обезбедувањето на вакцината.

-Еднаш не уверуваа дека сè е во ред, дека нашите власти постигнаа договор да обезбедат 500 илјади или 800 илјади дози преку системот Ковакс и тогаш се покажа дека овој систем не работи и дека нема да добиеме вакцини. Слушнавме дури и изговори од претседателот на државата и министерот за здравство дека сме многу мал пазар, затоа сме игнорирани, рече Чибишев, кој доаѓа од редовите на македонската опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ.

Заев и Филипче мора да одговараат за тоа што до сега ја лажеа јавноста дека вакцините само што не стигнале, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Секој поминат ден без вакцини е уште еден ден на загубени човечки кои можеле да бидат спасени. Стоилковиќ рече дека се достапни 90.000 кинески вакцини на владата за брза имплементација. Зошто до сега владата и Филипче не преземаче никакви активности за набавка на вакцините, прашуваат од опозицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.