Контролата во Основниот суд во Кавадарци е дел од редовните активности, велат од Министерството за правда

Министерството за правда соопшти дека проверката на работата на Основниот суд Кавадарци е дел од редовните и претходно планирани активности на комисијата. Ова следи по веста дека утрото Комисијата за надзор влегла во судот во Кавадарци и вршела проверка.

„Надзорот во Основниот суд во Кавадарци е дел од редовните активности на Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС-от а беше најавен и на прес конференција од страна на министерот за правда, Кренар Лога.

Вакви надзори Комисијата во изминатиот период изврши во Управниот суд како и судовите во Куманово, Кратово, Крушево и Берово по што беа изготвени извештаи за констатираните состојби“ се вели во соопштението од министерството.

По извршениот надзор во судот во Кавадарци, како што посочуваат, Комисијата ќе изготви извештај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.