Контролори на ЈСП истепаа малолетник

Двајца контроли на скопското јавно транспортно претпријатие ЈСП во четвртокот претепале малолетник на линијата бр. 3 во скопската населба Ѓорче Петров, соопшти Министерството за внатрешни работи во петокот, откако вчера се огласи и самото претпријатие во врска со инцидентот.

„На 20.12.2018 година било пријавено дека во автобус на ЈСП број 2 кој сообраќал на релација од Центар кон Ѓорче Петров 2, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка меѓу 16-годишен малолетник од Скопје од една страна и 49-годишниот С.С. и 52-годишниот Н.Т. од Скопје вработени како контролори во ЈСП од друга страна“, велат од МВР.

До тепачката дошло по претходно меѓусебно недоразбирање и расправија околу наплата на билет за возење. По преземени мерки поднесени се соодветени поднесоци.

Претходно во четвртокот ЈСП објави дека се апознаени со инцидентот.

„Веднаш по инцидентот, на терен излезе екипа на Внатрешна контрола на ЈСП, а повикана била и екипа на МВР. Според исказот на контролорите, инцидентот се случил откако патник без билет физички го нападнал едниот контролор, по што, се вмешал и другиот контролор. Патникот, според Внатрешната контрола, се обидел да избега, но бил приведен од страна на екипа на МВР. И патникот и контролорите дадоа исказ во МВР. Во случајов, и Внатрешната контрола на ЈСП Скопје ќе утврди дали евентуално и контролорите имаат вина во инцидентот, односно дали го прекршиле Кодексот на вработените и дали против нив ќе се поведе соодветна дисциплинска постапка, стои во соопштението

Додават дека ЈСП Скопје не толерира кршење на Кодексот на вработените од страна на било кој вработен (возач, контролор, билетарка, аминистративен работник и слично) и е отворено за жалби/пријави/поплаки од секаков вид.

„Истите можат секојдневно да се доставуваат на веб страницата на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk или во инбокс на www.facebook.com/jspskopjee , со точно наведени податоци за настанот (ден, време, линија, гаражен број на возило и слично), за да внатрешната контрола или друга соодветна служба го испита случајот и против вработениот, доколку се утврди вина, презеде соодветна дисциплинска мерка“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.