Контроверзен „институт“ од Словенија ја прогласил Катица Јанева за „најдобра обвинителка“

Сега притворената специјална јавна обвинителка Катица Јанева и нејзините домашни и странски поддржувачи предизвикаа скандал и во Словенија, а тамошната телевизија Nova24 објави дека оконтроверзниот Институт ИФИМЕС (International Institute for Middle-East and Balkan) со седиште во Љубљанаиинс, инаку мошне активен на секои избори во Македонија, а на последните со поддршката за Зоран Заев, ѝ доделил на специјалната овинителка признание, како што објави телевизијата, за „најдобар обвинител на Балканот“.

Признанието ѝ го доделил Зијад Бечировиќ, а на фотографијата која ја објави Nova24 е присутен и д-р Ернест Петрич, поранешен уставен судија (на фотографијата лево).

Но, тоа не е проблем, се наведува во новинскиот извештај, туку проблем е што Институтот е финанансиран од пари на даночните обврзници на Словенија. Така, како што пишува Nova24, „сомнителниот институт со сомнителните сопственици е мошне великодушно финансиран со пари на даночни обврзници. Општина Копер до денес инвестирала речиси 70.000 евра во Институтот на Бешировиќ, државната компанија ЕЛЕС д.о.о. 65 илјади евра… Покрај ЕЛЕС, ГЕН-Енергија исто така великодушно платила над 5.000 евра на Институтот. Институтот, исто така, го финансира и ДАРС, кој платил осум илјади евра, а Министерството за одбрана на Република Словенија четири илјади евра“.

Признанието на Јанева ѝ е доделено пред две години, а словенечкиот медиум сега истакнува дека Јанева е во притвор, и дека таа одиграла една од клучните улоги во соборувањето на десничарската влада на Никола Груевски и во неговото „политичко убиство“ .

Како што наведува Nova 24, признанието „Најдобро обвинитество на Балканот“ ѝ е доделено на свеченост на Блед, а главен говорник бил Јелко Кацин, поранешен европратеник од Словенија чија партија се распадна, кој кон крајот на минатата деценија и почетокот на оваа, водеше вистинска „војна“ против владата на Груевски со цел таа да се натера да ги смени името на државата, при што Кацин доживеа силен пораз од кој не се опорави.

Во прилогот на Nova24 накусо се прераскажуваат и последните настани во Македонија околу аферата „Рекет“ и притворот на „најдобрата“, го опишува и сомнителното минато на Зијад Бечировиќ, а наведува дека сараевсникот весник Dnevni Avazз пишувал дека Бечировиќ е под надозр на словенечката полиција заради тесни врски со „радикални исламски кругови“, по што тој навидум се повлече од челната позиција во „институтот“.

Сепак, тоа што најмногу ги засега Словенците, наведува порталот, е што еден ваков Институт се финансира со државни пари. Заклучокот дека тоа ја вплеткува и Словенија како држава во криминалното досие на Јанева, сам по себе се наметнува.

Инаку, Nova24, при апсењето на Јанева наведе дека „Македонците сега очекуваат, таму каде што се наоѓа обвинителката, да се најде и големиот пријател на Тања Фајон (словенечка европратеничка), Зоран Заев“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.