Контроверзниот Ендрју Тејт останува во притвор

Инфлуенсерот Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан остануваат во притвор до 27 февруари, откако романскиот суд одлучи да им го продолжи притворот.

Тејт минатиот месец беше приведен заедно со неговиот брат Тристан како дел од истрагата за наводите за трговија со луѓе и силување, кои тие ги негираат.

Во Романија досега им се запленети вкупно 15 луксузни автомобили и повеќе од 10 имоти или парцели. Државната агенција за организиран криминал, Дикот, рече дека предметите биле запленети за да се спречи прикривање, да се помогне во плаќањето на истрагата и да се плати отштета на жртвите доколку осомничените бидат осудени.

Контроверзниот инфлуенсер Ендру Тејт и неговиот брат се обвинети за повеќе точки за силување и трговија со луѓе.