Конзервативците бесни зашто Џонсон беше заменет со истопена коцка мраз во ТВ дебата која ја одби

Kirsty O'Connor/PA Wire

Владејачката британска Конзервативна партија поднесе поплака на комерцијалната британска телевизија Channel 4 поради тоа што во телевизиската дебата за екологијата на празното место наменето за партискиот челник и премиер Борис Џонсон, кој го одби учеството, беше поставена коцка мраз која се топи.

Според агенцијата Press Association, конзерватиците соодветната поплака веднаш ја поднеле пред британскиот медиумски регулатор Ofcom.

Комерцијалната телевизија Channel 4 телевизиската дебата која стана причина за кавги ја посвети на климатските промени во пресрет на предвремените парламентарни избори на 12-ти декември. На неа учествуваа челниците на пет партии – најголемата опозициска Лабуристичка партиа, на Либералните демократи, Шкотската национална партија, Зелената партија и велшката Плајд камри. Меѓутоа, лидерот на ториевците Борис Џонсон, и водачот на партијата Брегзит, Најџел Фараж, го одбија учеството во дебатата. Наместо нив во студиото биле инсталираени две кружни мапи на Земјата, и направени од мраз тие се топеа во текот на преносот.

Конзервтивната партија всушност го понуди учеството на поранешниот министер за екологија Мајл Гоув, но телевизијата наведе дека дебатата е наменета само за челниците на партиите и дека другите партии не би се согласиле на промената на условите.

„Со ова всушност се сака на Конзервативната партија да ѝ се одземе правото на секакво претставување и присуство“, напишале конзервтивците во поплаката до Ofcom.

Британските телевизиски сервиси мора да бидат политички непристрасни и во текот на изборните периоди дополнително да внимаваат на барањата за рамнотежа во политичките претставувања. Регулаторот Ofcom може парично да ги казни медиумите кои тоа не го почитуваат и како крајно средство може да ја откаже дозволата за емитирање.

Конзервативците тврдат дека инцидентот од четвртокот е дел „од поширокиот пример за пристрасност на телевизискиот канал Channel 4 последните месеци“. Во писмото испратено до регулаторот, конзервативците го нарекоа инцидентот „провокативен пристрасен чин“, што „самото посебе може да се смета како израз на политичко мислење“.

Подоцна главниот уредник на информативната програма Бен де Пер го спореди пристапот на конзервативците кон медиумите со пристапот на американскиот претседател Доналд Трамп во негативен контекст, што самото укажува на неговата политичка опредлеба.

На тоа црномурестиот конзервативец Џејмс Клеверли рече дека претстојните британски избори се парламентарни а не претседателски, и дека поради тоа Channel 4 немал причина да го условува појавувањето на Џонсон за ториевците да може да учествуваат во телевизиската дебата.

„Ставете го својот лидер Борис Џонсон крај другите челници и престанете да си играте. Не нѐ одбивајте и не се заканувајте со одземање на дозволата, тоа е лизгав терен“, одговори де Пер.

Информативниот портал Buzzfeed цитираше неименуван извор од Конзервативната партија кој тврди дека партијата, доколку Џонсон победи на изборите, ќе бара ревизија на оперативната лиценца за Channel 4, која би требало да биде обновена во 2024 година.

Телевизијата Channel 4 не е единствениот медиум кој се обидува да го доведе Борис Џонсон чијашто Конзервативна партија има доста солидно водство во анкетите пред Лабуристичката партија и првенствено настојува да ги избегне евентуалните гафови. Џонсон претходно ја одби и поканата за получасовно интервју со Ендрју Неил од јавниот сервис BBC.