Конзервативците на Меркел во водство

Конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел ја задржале големата предност пред своите ривали социјалдемократите коишто благо назадувале, покажува истражувањето на јавното мнение објавено во четвртокот, три дена пред изборите на коишто се очекува сигурна победа на христијанските демократи.

Анкетата на институтот Forchugsgruppe Wahlen за јавниот сервис ZDF покажа дека конзервативната владејачка Унија CDU/CSU на канцеларката Ангела Меркел во моментов има непроменети 36 отсто доверба, додека Социјалдемократската партија на Германија (SPD) бележи пад од 1,5 процентен поен, на 21,5 отсто.

Евроскептичната и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD), за којашто се очекува дека ќе биде првата партија од крајната десница којашто по половина век ќе влезе во германскиот парламент, најверојатно ќе биде третата политичка сила со 11 отсто, еден процентен поен отколку пред една седмица.

Пропретприемачките Слободни демократи (FDP) се стабилизирани на 10 отсто доверба, а зад нив е Левица со 8,5 отсто, па следат Зелените со 8 отсто.

Според овие резултати се очекува повторување по третпат на ткн „голема коалиција“ меѓу конзервативците и социјалдемократите или, пак, тројниот „Јамајка“ сојуз, односно конзервативците, FDP и Зелените, наречен вака поради тоа што боите на овие партии се совпаѓаат со оние на знамињата на оваа карипска земја.

Во теоретски директното гласање канцеларката Меркел би добила 56 отсто, додека нејзиниот предизвикувач од левиот центар, поранешниот претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц би освоил 32 отсто од гласовите, покажува оваа анкета направена на примерот од 1.725 лица направено на 20-ти и 21-ви септември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.