Конзервативците на Џонсон го губат водството по откритијата на „локдаун-журката“

Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонсон го загуби водството во анкетите во однос на опозициската Лабуристичка партија, откако во јавноста излегоа информации за забава во текот на минатогодишното божикно епидемиолошко „затворање“ што предизвика гнев поради лицемерие.

Истражувањето на јавното менение спроведено до агенцијата YouGov за весникот The Times покажува дека конзервативците го загубиле водството, губејќи 3 процентни поени од 2-ри декември, така што сега имаат 33 отсто доверба на гласачите, додека лабуристите скокнале за 4 процентни поени на 37 отсто.

Конзервативците предводени од премиерот Борис Џонсон на предвремените избори во 2019 година освоија 365 од 650 мандати во парламентот, што е најголемото мнозинство на Конзервативната партија од победата на легендарната премиерка Маргарет Тачер во 1987 година.

Новите ограничувања во Англија, Џонсон ги воведе во средата, само неколку часа откако се извини поради видео снимката која го прукажува персоналот на неговиот кабинет како се шегува на сметка за предбожикната забава во 2020 година организирана на „Даунинг Стрит 10“.

Во време на прославата во британската влада, на десетици милиони Британци им беа забранети средбите со поширокото семејство и со пријателите во текот на традиционалните божикни прослави, па дури и одење на погребите на починатите роднини и блиски.

Три четвртини од испитаниците веруваат дека е одржана божикната забава на која се прекршени епоидемиолошките прописи, а 68 отсто од нив веруваат дека премиерот Џонсон не ја зборувал вистината кога тоа го негирал, пишува The Times.