Координацијата во ЕУ ја отежнуваат телеконференциите

Процесот на одлучување во Европската унија е на големо искушение поради телеконференциите во текот на пандемијата од коранавирусот, велат европски функционери, а еден за Reuters вели дека смета оти тие се дури и „катастрофални“.

Виртуелниот состанок на министрите за надворешни работи во понеделникот го одбележале технички проблеми, говорниците не биле сигурни дали може да бидат слишнати и недостигале преведувачи.

„Тие видео-конференции не функционираат баш најдобро, има технички проблеми и прекини на разговорите со прашањета ‘Ало, ме слушате ли?. Функционерите затоа главно ги читаа своите подготвени белешки. Малку има прстор за вистински преговори“, рекол за Reuters неименуван виш дипломат кој бил присутен на таа конференција.

Силната координација меѓу 27-те држави членки на ЕУ има круцијално значење. Но карантинот и забраните за патувања ја отежнуваат и многу организации не може да ги соберат лично претставниците во нив за одржување состаноци.

„На видео-конференциите владее катастрофа, сликата се губи, гласовите не се слушаат“, рече минатиот петок за новинарите шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, кој учествувал во виртуелните разговори со азиските и европските министри. Додаде тогаш дека ги преферира телефонските разговори.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас, пак, го брани одржувањето на видео-конференциите, истакнувајќи дека тие може брзо да бидат договорени. Одлуките кои се носат може да бидат формализирани по писмен пат, додал.

„Мислам дека треба да ја зголемиме зачестеноста на состаноците (преку видео-конференција)“, рекол Маас за новинарите преку видео-врска.

Меѓутоа, висок европски дипломат кој сакал да биде неименуван, рекол дека ситуацијата е сериозна.

„Ова е време на искушение за Европа. Нема самити, нема министерски состаноци, помала е видливоста’, рекол.