Координаторот на СДСМ во Ѓорче Петров со симптоми на ковид-19 бил на седница

Кластерот СДСМ е повторно актуелен. Овој пат скандалозно однесување на координаторот на советничката група на СДСМ во Ѓорче Петров кој присуствувал на седница на советот, а притоа знаел дека има симптоми на ковид- 19, реагира на прес конференција Наташа Менкиноска од ВМРО-ДПМНЕ.

– Го прашуваме Цветковски дали на 13- ти октомври, вторник кога се одржала седница на советот на општина Ѓорче Петров на која требаше да биде ставена точката на дневен ред за спорниот ДУП во Дексион Јурија и ново задолжување на општината Ѓорче Петров со над 1 милион евра, соочувајќи се со отсуство на еден советник од владејачкото мнозинство и немањето на мнозинство присуствувал на седницата, а при тоа имал симптоми на болеста? Со оглед дека утредента го добил резултатот од ковид тестот, дали Цветковски чувствувајќи симптоми на ковид- 19 свесно ги донел во опасност другите советници, вработените во општинската администрација, граѓаните и медиумите кои го пренесуваа настанот? Зошто воопшто дошол на седницата ако чувствувал симптоми на ковид -19 – вели  Менкиноска.

Одозгора на тоа на видеото од седницата може да се забележи, додаде советничката, како Цветковски не почитувал дистанца и никакви заштитни мерки и одозгора на тоа давал и изјави за медиумите.

– Дали Александар Наумоски и општинските власти знаејќи за оваа ситуација, а во тешкотија да обезбедат мнозинство, намерно не ги почитувале протоколите за заштита и не е мерена температура на влезот, бидејќи ако мереле Влатко Цветковски немало да може да присуствува на седницата и со тоа да ги донесе во опасност сите присутни. СДСМ е спремен и по цена на животот на своите советници да го донесе заболениот Цветковски на седницата за да имаат мнозинство со цел заштита на криминалот и корупцијата на Александар Наумоски. Само кај Александар Наумоски висината на една зграда има повисока цена од здравјето на неговите соработници, медиумските работници и граѓаните. Што толку и на кого му ветил дека ќе гради што е спремен да ги жртвува и своите партиски колеги? Апсолутно сме згрозени од оваа неодговорност, ова е монструозно и смислено и не е ниту наивно ниту случајно – рече Менкиноска.

Дури и кога Влатко Цветковски го добил позитивниот резултат на ковид 19 никој од општината не ги контактираше советниците на ВМРО-ДПМНЕ, вработените во општинската администрација и новинарите да им го соопшти ова и да им се направи анкета, за да се утврди опасноста од трансмисија на болеста, реагира советничката.

– Ги повикуваме надлежните органи да го истражат случајот и самиот Цветковски да ги приложи соодветните тестови бидејќи криењето на заразата од корона е кривично дело затоа што со тоа потенцијално се шири зараза која е со потенцијални смртни последици за граѓанитe – вели Менкиноска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.