Координаторот за борба против епидемијата на Сицилја уапсен за корупција

ANSA/Guardia di Finanza

Полицијата на Сицилија во четвртокот под обвинение за корупција уапсила здравствен функционер кој на италијанскиот остров бил задолжен за координација на борбата против епидемијата на коронавирусот, а заедно со него се приведени уште девет лица, соопштија полициски извори.

Антонио Кандела е под сомнение дека на должноста којашто претходно ја извршувал ги лажирал тендерите во здравствениот сектори и бил „дел од круг во кој се вклучени стопанственици и корумпирани јавни службеници“, се наведува во соопштението на сицилијанската полиција.

Кандела пред да стане задолжен за координација на борбата против коронавирусот, бил директор на сицијалнското Биро за здравство чиешто седиште е во Палермо. Во моментов тој е ставен во домашен притвор.

Од таа позицијата меѓу лицата задолжени за јавните набавки на медицинска опрема и услуги во вредност од речиси 600 милиони евра во периодот од 2016 година до денес. Лицата кои ги местеле ваквите тендени, како што се наведува, за тоа примиле мито во износ од 1,8 милиони евра.