Копа дел Реј: Барса одвај, Севилја убедлива

Фудбалерите на Барселона и Севилја изборија четвртфиналето од шпанскиот Копа дел Рек (Купот на кралот) во средата вчерта.

Во првиот меч Севилја дома со 3:0 ја совлада Валенсија, постигнувајќи ги сите погодоци уште во првиот дел. За Андалужаните стрелци беа Лук де Јонг во 20 и 33 и Иван Ракитиќ во 38 минута.

Барселона одвај го мина гостувањето кај второлигашот Рајо Ваљекано со 2:1, и малку недостигаше да ја доживее судбината на мадридските великани Атлетико и Реал, кои беа елиминирани од нисколигашки тимови.

Иако пристигнаа со доста силна постава, Каталонците се мачеа и во резултатско заостанување беа во 63 минута, кога за Рајо погоди Фран Гарсија. Во 70 минута израмни Лионел Меси на додавање од Антоан Гризман, за да десет минути пред крајот на регуларниот дел победата на Барса да ѝ ја донесе Френки де Јонг.

Во последниот натпревар во средата второлигашто Алмерија и Осасуна и по 120 минути од регуларнот дел и продолжетоците играа без погодоци, а во пенал-рулетот второлигашот беше подобар откако неговите играчи ги реализираа сите пет удари од белата точка, а за гостите во последната серија неуспешен бепе Давид Гарсија.

Во вторникот Леванте со 4:2 на гости го совлада Вајадолид, Вилјареал со 1:0 беше подобра на гостувањето кај второлигашот Жирона, а Реал Бетис на свој терене во Севилја со 3:1 го победи Реал Сосиаедад.

Во четврток на програмата се дуелите меѓу третолигаши и прволигаши. Кај Навалкарнеро гостува Гранада, а кај Алгојано доаѓа Атлетик Билбао.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.