Македонците не сакаат странска марионета за лидер – СДСМ бега од избори зошто ќе изгуби

Рејтингот на СДСМ е никаков во споредба со оној на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ниту еден задраворазумен патриот без разлика на својата политичка определба, не би сакал земјата да му ја води странска марионета за сметка на туѓи интереси, вели рускиот новинар и експерт Андреј Корибко. Во разговор со дописникот на Нетпрес од Атина, Корибко открива како би изгледала Македонија со Заев како премиер. Вели, негова прва задача би била Македонија да се откаже од идентитетот и да прифати ново име за да влезе во НАТО, но во меѓувреме ќе му биде наредено и да се приклучи кон анти-руските санкции и да се повлече од проектот за кинеската високо-брзинска железница. За ова покорно однесување ќе следат и “награди”, но не за народот, туку за Заев и неговата дружина, вели Корибко.

Нетпрес: По неуспешниот обид за Обоена револуција во Македонија (по пат на нелегално прислушкување и обиди за дестаблизација преку тероризам и насилни опозициски протести), кој што беше спречен благодарение на патриотизмот на Македонците и соодветната реакција на властите, последните анкети покажуваат дека владеачката ВМРО-ДПМНЕ има двојно водство пред опозициската СДСМ спонзорирана од Западот. Се чини дека целиот труд и милионите долари истурени врз про-западните платеници во Македонија не резултираа со успех, па сега разбирливо не сакаат да одат на изборите за кои што преходно се согласија. Во нашето последно интервју зборувавме за престојната втора рунда од обидот за Обоена револуција и неверојатно е како уште тогаш ја предвидовте ситуацијата, велејќи дека најверојатно повторно ќе организираат протести обидувајќи се земјата да ја втурнат во дестабилизација, а се чини дека опозицијата веќе почна да се заканува со т.н. улична демократија. Однапред смисленото насилство не кулминираше според планираното на минатите протести, а што мислите дека ќе се случува на престојните?

-Ви благодарам повторно Марија за оваа можност да се обратам на вашата публика, тоа е секогаш големо задоволство за мене, а ви благодарам и што запомнивте какво сценарио предвидов. Најпрвин, од суштинско значење е да се истакне колку е слаба опозицијата во моментов. Имаа повеќе од половина година за да ја прошират својата социјална инфраструктура и да ја промовираат агендата за промена на власта, но сепак сите анкети покажуваат дека ВМРО се двојно повеќе популарни од нив. Јасно е дека тие не успеаа да се здобијат со нови приврзаници кон нивната кауза, а изледа и дека некои гласачи кои што претходно беа во заблуда, ја сфатија својата грешка и преминаа на страната на владеачката партија.

Од ова може да заклучиме дека македонските патриотски активисти и медиумите блиски до нив беа многу успешни во едуцирањето на публиката за заканата од хибридна војна со која што се соочува нивната земја, која што вклучува и договор со одредени опозициски елементи за оваа цел. Како последница на ова, Македонците во моментов се поголеми патриоти од кога и да било, цврсто застанувајќи зад нивната Влада затоа што тие разбираат колку е голем ризикот доколку не го сторат тоа. Ирелевантно на политичката опредeлба, никој не сака да гледа како еден опозициски лидер поддржан од странци доаѓа на власт во нивната земја и затоа СДСМ има речиси никаква поддршка во споредба со ВМРО. Не е важно за која земја станува збор и кои политички партии се вклучени, ниту пак кои се нивните лидери. Ниту еден патриот не сака странска марионета да ја контролира неговата земја во име на други сили, тоа е едноставно така.

Соочени со речиси никаква јавна поддршка и со гаранција дека ќе ги загубат претстојните избори, Заев и неговите пријатели се обидуваат да компензираат за оваа патетична состојба на работите, преку додворување за што е можно поголема меѓународна поддршка. Како “демократ” само на зборови кој што е во посед на странските влади, на Заев не му е важно дали народот го поддржува или не. Единствено му е важно да ја оствари својата мисија и да се дограби до власта, на еден или друг начин. Наместо поддршката на Македонскиот народ, тој ја преферира поддршката на американската влада, убеден дека тоа е одлучувачкиот фактор кој што му е потребен за да стане релевантен и да има шанса за добивање на власта. Детската драма што се одигра кога СДСМ рекоа дека ќе ги бојкотираат предвремените избори за кои што претходно самите се согласија е една толку очигледена измама, но никој повеќе не паѓа на нивните трикови.

Идејата е Заев и неговите следбеници да не учествуваат на избрите, за кога ВМРО ќе победи, согласно очекувањата и анкетите, да тврдат дека изборите не беа фер и слободни затоа што главната опозициска партија не учествуваше на нив. Без разлика на тоа што единствената причина за неучеството се незрелите будалаштини на Заев, целта овде е да се привлече вниманието на САД, како што е и планирано и од таму да произлезат гласови на загриженост поради гласањето. Во суштина, Заев соработува со американските стратези во координирањето на неговите акции, со цел да се создадат “разумни” околности кои што се неопходни за САД да го продлабочат формалното дипломатско мешање во внатрешните работи на Македонија и официјално да говорат против Владата.

Најпрвин тие мислеа дека одбивањето на Заев да учествува на изборите ќе предизвика сценарио во кое што премиерот Груевски ќе реши да остане на функцијата до согласноста за нов изборен датум, што на САД ќе им дадеше “оправдана причина” да го етикетираат како “диктатор гладен за моќ” и јавно да почнат да работат против него. Ова е нешто што повеќе од една година чекаат да го сторат, на било кој начин. ВМРО не падна во оваа стапица и затоа решија да ја продолжат политичката транзиција и да ги оддржат предвремените избори согласно планираното.

Единствената работа што сега му преостанува на Заев е да се заврти кон анти-демократски тактики за добиање на власта, со оглед на тоа што СДСМ нема шанси да победи на предвремените избори, дури и ако решат да учествуваат во последна минута. Но, поддршката на движењето за промена на власта опаѓа и повеќето луѓе се свесни за странскиот заговор што тој го поддржува, па затоа и не може да смета дека повторно ќе прелаже исто толку луѓе како и минатиот пат за да ги користи како човечки штитови на престојните протести во рамките на Обоената револуција. Нема сомнение дека некои сепак ќе учуствуваат, но тие нема да бидат ни приближно колку што беа минатиот мај, иако и тогаш протестите не беа многу масовни. Според ова “опозцијата” ќе продолжи со едно од овие две сценарија: бојкот на изборите и организирање на протести непосредно пред, за време и по нив или пак учество на изборите, пораз како што се очекува, а потоа и протест против измислени “нерегуларности”. Без разлика кој правец ќе го изберат, активностите на терен ќе бидат исти.

Ќе донесат и странски медиуми кои што ќе ги симпатизираат, како Си Ен Ен, со цел да можат да изработат снимки од лажна перспектива со кои што би предизвикале неточна перцепција дека нивното движење е многу поголемо од она што навистина е. Истовремено, најверојатно ќе започнат и со провокативно и агресивно однесување, со надеж дека ќе поттикнат некои од патриотските елементи во општеството да се вклучат во насилство, кое што потоа би било пуштено на Си Ен Ен и слични, претставувајќи го како “про-владина улична агресија”. Нивната цел не е демократски да протестираат, туку да испровоцираат насилство, за кое што потоа намерно погрешно ќе се известува како за “диктаторско насилство” врз “про-демократските” демонстранти. Од најголемо значење е граѓаните патриоти да покажат воздржаност кога ќе бидат провоцирани да влезат во било каква кавга или тепачка, а конструктивен предлог со цел одбегнување на било каква реакција на нивните будалаштини е да се снимаат сите работи што тие ќе ги сторат јавно и да се воспостават конкретни докази за нивните агресивни акции. Тоа што ќе бидат изложени како насилни провокатори, какви што и навистина се, може да помогне во зголемување на симпатиите меѓу широката домашна и меѓународна јавност, на која што оваа информација ќе и биде достапна.

Заев и неговите газди знаат дека не можат да стигнат до врвот на власта преку демократски процес, па мораат да се свртат кон нелегални методи и поддршка од клучните западни актери. Согласно ова сценарио, САД потоа би ја негирале легитимноста на македонските власти и би работеле во насока на имплементација на режим на санкции против нив, притискајќи ја понизната и со бегалци уценетата Европска Унија да ги следи. Многу е веројатно дека грчките власти, кои што се целосно задолжени во ЕУ и се очајни, па се спремни да сторат се за грст евра, ќе ја преземат водечката улога во справувањето со она што западните мејнстрим медиуми ќе го наречат “Македонската криза”, а при тоа ќе измислуваат и причини дека сево ова некако е вина на Русија.

Дополнително, не може да не се земе предвид и повторување на терористичкиот инцидент во Куманово во овој период. Како што знаеме, терористите во кои што беа вклучени и Албанци палнираа да вршат напади истовремено со опозициската дестабилизација, што сугерира на многу висок степен на стратегиска координација меѓу овие две струи за менување на власта. За среќа, безбедносните служби успеаа да го сопрат овој заговор пред да настрадаат цивили, но трагично, неколку херои тој ден ги загубија животите со цел да ја зачуваат безбедноста на Републиката. За разлика од она што САД и некои од нивните сојузници го планираа, етничките Албанци не наседнаа на замката поради овој инцидент да се дигнат против Владата, иако американските и другите придружни медиуми намерно и неточно настанот го портретираа како “етнички судир” и “насилство спонзорирано од државата насочено против Албанското малцинство”.

Доколку се појави тероризам во кој што се вклучени Албанци и борци на ИСИС, истовремено се предвремените избори и предвидените опозициски протести, тогаш земјата може да се соочи со ризикот да биде втурната во немири. САД ова го разбираат многу добро и може да го олеснат спроведувањето на ова сценарио поради многу причини, но главно за обструкција на кинескиот проект “Балканскиот пат на свилата” и проектот со гасоводот “Балкански тек”. Во случај опозицијата или терористите да изведат некакви чинови на насилство, строго се препорачува граѓаните патриоти да ги следат упатствата на Владата и да избегнуваат да бидат вовлечени во стапица. Напаѓањето на опозиционери или етнички Албанци како одоговор на сето она што може да се случува ќе претставува хранење на кругот на насилство што САД би сакале да го предизвикаат. Овде најдобро е да се дозволи властите да се справат со ситуацијата, како што тоа го сторија минатата година и тоа е најдобриот начин за ублажување на американските планови за хаос. Сепак, со или без нарушувања во периодот околу изборите, нема ништо лошо во тоа да се одржи масовен патриотски собир како минатиот мај. Ова ќе биде многу ефикасен начин да му се покаже на остатокот од светот, а особено на публиката што американските и западни медиуми се обидуваат да ја заблудат, дека постои масовна јавна поддршка за одење на избори според предвиденото и дека народот едвај чека да се стави крај на опозициските политички игри и состојбата во нивната земја да се врати во нормала.

Нетпрес: Сега е јасно дека победа за опозицијата е невозможна мисија, но ајде сепак да направиме една анализа какви би биле нештата кога опозицискиот лидер Зоран Заев би бил новиот премиер. Како перверзни и мрачни сценарија западниот фактор има изрежирано за Македонија, со актуелната опозиција како нивни статисти и марионети?

-Првата работа што Заев и оние што раководат со него би ја сакале е Македонија да се откаже од својот идентитет и да се согласи на “компромисно” име со цел веднаш да биде примена во НАТО, па во ЕУ. Но, она што е интересно е што дури и ова да се случи, ниту една од двете организации нема да биде наклонета кон формално проширување веднаш, а наместо тоа ќе диктира дека Македонија најпрвин ќе мора да му се приклучи на режимот на анти-руските санкции, додека зад сцената можно е да прават притисок за земјата да ги прекине врските со кинескиот проект “Балканскиот пат на свилата”. Заев веднаш би го сторил сево ова, би го сменил името на земјата, би ја санкционирал Русија и би се повлекол од кинеските планови за високо-брзинската железница, а Македонскиот народ од сево ова не би имал ниту една придобивка. Тоа не значи дека за ова покорно однесување нема да има “награди”, но тие ќе заминат само во скутот на Заев и неговите пријатели ( бидејќи дури и кучињата од време на време треба да се почастат). Без разлика на тоа какви критики некој би можел да упати кон актуелната влада, тие би биле целосно бледи во споредба со корупцијата и непотизмот на режимот на Заев наметнат од Западот, а сите економски, социјални и геополитички достигнувања од последната декада ќе бидат целосно загубени.

Единствената релевантна споредба што може да се направи е со ситуацијата кога Јелцин и неговите поданици целосно ја поткопаа Русија со својата корупција и тотална неспособност. Секој пат кога тој и неговите приврзаници ќе стореа нешто против интересите на Русија, Западот им аплаудираше, веселејќи се што конечно имаат клика на власт која што ќе ги реализира нивните предлози. Олигархијата беше закон во државата, нееднаквоста порасна до небо, а повеќето социјални бенефиции беа дрстично ограничени или целосно укинати. Истото би и се случило на Македонија доколку Заев и неговите дојдат на власт и исто како и Елцин и неговиот тим, Западот ќе ги тапка по рамо, осигурувајќи се дека се однесуваат како “добри демократи” и “љубители на слободата” додека влегуваат во нови рунди на штета што ќе и ја нанесуваат на земјата.

Последната национална ноќна мора што Заев би можел да ја создаде во капацитет на лидер на Македонија наметнат од Западот, е целосно да го реформира домашниот политички систем, можеби како возвратна услуга на Албанските терористи што ги поддржуваат неговите насилни битки за власт. Охридскиот договор е жив и здрав во Македонија и тој е веќе имплементиран, но опозицијата заедно со реториката поддржана од Сорос ќе тврдат дека сеуште има многу работа да се заврши. Ова не е ништо повеќе од еуфемизам не само за додворување со цел стекнување на албанската поддршка и тоа на најпонижувачки начин, туку и за навестување дека Републиката треба да стане федерација со цел “целосно да се реши” ова прашање. Оваа насока на размислување е атрактивна за експанзионистите во Тирана, кои што се желни за одвраќање на вниманието од растечкиот јавен отпор против нивното владеење, а истовремено е и порака за Заев и Соросовите мрежи да ги подадат рацете кон целата албанска заедница во регионот.

За среќа, албанската заедница во Македонија е доволно свесна дека силна, стабилна и обединета Република Македонија е единствениот начин за постигнување на придобивки од кои корист ќе имаат сите граѓани, како Македонците така и Албанците и дека расцепкувањето на Македонија по етничка линија би ја ослабнало централната влада, со што ќе се поништи кохезијата на лидерството кое што придонесе за успехот на земјата во минатата декада. И покрај ова, идеата за “Косово во сенка” внатре во Македонија е интригантно за некои Албанци, особено за лековерните и лесно заводливи млади, кои што погрешно веруваат дека тие можат да успеат онаму каде што Косово не успеа. Тоа е целосна невистина затоа што било каков од Западот вештачки креиран геополитички субјект на Балканот, вклучувајќи ја и “федеративна Македонија”, по својата природа ќе остане фрактура и ослабена сила, неспособна за пристап ниту до нешто слично на суверенитет, освен свое знаме, химна и меѓународно “признавање” од Западот. Заев ова го знае доста добро и неговата цел е да ја донесе Македонија на колена и да ја подели што е можно повеќе, за да си го олесни неговото со години замислувано владеење во стилот на црногорскиот лидер Ѓукановиќ.

Двете најголеми предавнички активности што би можел да ги направи е да го смени уставното име на Република Македонија и чудовишно да ја метаморфозира земјата во етничко-религиска федерација. Поттикнувајќи ги Македонците да се завртат едни против други во однос на прашањето за името и агитирајќи во насока на етничко-религиски тензии меѓу православните Македонци и Албанците муслимани, Заев ќе ги исполни двете најдраматични работи што би можел за да ја подели земјата и да ги сврти сограѓаните едни против други. Додека тие се борат меѓусебе, Заев тогаш би можел да побара и “итна” асистенција од САД и НАТО, најверојатно во форма на “мировници”, но тие во реалноста ќе бидат окупатори кои што ќе служат за воена централизација на неговата моќ и пораз на сите сили кои што ќе се противат на неговото владеење. Во Македонија контролирана од Заев, единствената надеж за позитивна иднина би бил постојаниот отпор на патриотското граѓанство. Во спротивно не би имало иднина за Република Македонија, затоа што кога Заев ќе заврши со уништувањето на земјата, субјектот што ќе остане веројатно ќе има име постигнато со компромис меѓу Грција и Албанија што ќе биде за подбив како што е на пр. “Федерација на Вардарска Албанија”, но од страна на НАТО и ЕУ партнерите ќе биде поздравено со громогласен аплауз.

Наскоро следува и вториот дел од интервјуто…