Коригирани разервациите на капацитетите за испорака на рускиот гас во Германија

Германските купувачи во понеделникот накусо резервираа капацитети за испорака на рускиот гас преку цевководот Северен тек 1, но податоците од германските приклучни гасоводи дополнително се коригирани и вратени на нула.

Во моментов не е јасно зошто германските купувачи од понеделникот утрото за денеска ги резервираа капацитетите на Северен тек 1 првпат по неговото затворање пред околу три седмици, имајќи предвид дека рускиот гасен гигант „Газпром“ со ништо не сигнализираше дека може да го стави во функција, забележува Reuters.

Резервиран беше транспорт на 3.652.554 киловат/часови преку гасоводот OPAL на истокот од Германија, според податоците кои претпладнето беа објавено на интернет страницата на овој оператор.

Гасоводот NEL, според резервациите од истиот период, би требало да транспортира 14.291.845 киловат/часови според податоците на овој приклучен гасовод во Германија.

Гасоводите на OPAL и NEL не го поврзуваат Северен тек 1 со крајните корисници во Германија.

Резервациите беа објавени на интернет страниците на германските гасоводи, но не и на страницата на операторот со Северен тек 1. Од операторот „Nord Stream“ за Reuters изјавиле дека не можат да потврдат дека германските купувачи побарале испораки за гас преку Северен тек 1 во понеделникот.

Рано попладнето портпаролот на германскиот оператор со гасоводот „Gascade“ изјави дека резервациите се вратени на нула, што всушност значи дека гасот не доаѓа преку Северен тек 1.

Северен тек 1 е далеку најголемиот руски гасовод кон Европа со капацитет од 59,2 милијарди кубни метри гас годишно.

Заменикот на извршниот директор на „Газпром“, Виталиј Маркелов, изјави на почетокот од септември дека Северен тек 1 нема да продолжи со работата додека германскиот концерн „Siemens Energy“, кој е обврзан со договор, не ја поправи единствената исправна опрема на гасоводот од која има опасно истекување на мазут, додека другите пет турбини за компресорските станици се на ремонт на германската компанија во Канада. Од „Siemens Energy“ изјавија дека не ги разбираат информациите што ги добиле од „Газпром“.

Русија обвини дека гасоводот не може да проработи бидејќи поради западните санкции не може да ја врати опремата од поправка и одржување, додека Западот обвинува дека тоа се само изговори.

Затворањето на Северен тек 1 само ја ескалираше цената на гасот во Европа која започна рекордно да расте уште есента 2021 година, а дополнително влијаеше врз енергетската криза во Европската унија и на континент кои се обидуваат да се откажат од руските енергенси.

Русија ѝ предложи на Германија да го стави во функција гасоводот Северен тек 2, кој беше изграден пред една година и е наполнет со гас, но Берлин под притисокот од САД го замрзна неговото функционирање и пред воведувањето на антируските санкции поради војната во Украина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.