Корона во рудник во Сибир: Руската војска испратена на лице место да ја спречи заразата

48

Руска војска е испратена во Сибир за да го запре ширењето на новиот коронавирус во жариштето кое се појави во најголемиот рудник за злато во земјата, каде што, според првичните тестови, заразени се најмалку 400 работници.

Министерството за одбрана на Русија објави дека поставувањето на шаторски камп за сместување до 2.000 вработени во четиринаесетдневната карантин во рудникот Олимпијада, во регионот Краснојарск во источен Сибир, е при крај.

Кампот во селото, во центарот на тајгата, треба да прифати вработени кои биле во контакт со лица позитивни на вирусот или кои биле во зоната на ризик, се наведува во соопштението

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.