Короната зема замав регионот: Косово би можело да стане балкански Вухан

67

Здравствените услуги на земјите од регионот не се опремени за агресивниот раст на епидемијата на коронавирус, а аналитичарите се согласуваат дека Косово би можело да стане балкански Вухан, анализира „Јутарњи лист“.

Бројот на случаи на новиот коронавирус се уште може да биде умерен на Балканот, но регионот, еден од најсиромашните во Европа со најкревка медицинска инфраструктура, се бори со растот на заразени.

Неколку европски земји воведоа рестриктивни мерки, како што се двонеделна карантин за патниците од Бугарија и Романија или негативен тест за коронавирус по пристигнувањето.

Ситуацијата во Србија е полоша отколку во април, рече епидемиологот Предраг Кон, особено во Белград, каде здравствениот систем достигна точка на преоптовареност. Демонстрантите излегуваат на улиците секоја вечер за да го искажат незадоволството од лошото управување на владата со кризата.

Загриженоста расте и во соседно Косово.

Блерим Сила, лидерот на синдикатот во здравствениот сектор, предупреди дека Косово би можело да стане балкански Вухан, осврнувајќи се на кинескиот регион кој беше најзагрозен од вирусот. Ако тоа се случи, вели тој, косовскиот здравствен систем, кој веќе е под огромен притисок, едноставно ќе пропадне. Многу луѓе од Косово се лекуваат во соседните земји.

Во Хрватска, микробиологот Горан Лауч, член на научниот тим кој ја советува владата, изјави дека ситуацијата не е „лоша“, но дека случаите растат со туристичката сезона.

Кревки здравствени системи

Досега, Балканот помина низ пандемија на коронавирус релативно недопрена со 3.500 смртни случаи.

Осум смртни случаи забележани во Косово во петокот и стотици нови случаи во БиХ и Романија во последниве денови, сè уште не се доволни за да ја алармираат меѓународната заедница.

Сепак, Албанија, БиХ, Бугарија, Косово и Романија забележаа рекордни броеви во текот на изминатата недела во однос на секојдневните смртни случаи и нови случаи.

Според пресметката на АФП од 10 јули, овие земји учествувале со 15% од новооткриените случаи, откриени тој ден низ цела Европа, иако тие сочинуваат само 7% од европското население.

Здравствените служби на тие земји не се опремени да се справат со зголемувањето на бројот на пациенти, како што се гледа во пролетта, во делови од Западна Европа.

Додека Италија има 4,1 доктор на 1.000 жители, според Албанија има само 1,2, според Светската здравствена организација (СЗО), што е најниско покриеност во Европа.

Во БиХ, бројот е 2,0, а во Романија 2,2. Лидерот на унијата, Блерим Сила, рече дека на Косово му недостасуваат 5.500 здравствени работници.

На улиците на Белград, еден демонстрант, Петар Ѓуриќ, стана лице на растечкиот гнев. Тој викна пред камерата дека неговиот татко починал затоа што немало респиратор кој ќе го спаси.

Во Албанија, во која досега се регистрирани скоро 100 смртни случаи, властите велат дека ситуацијата е сè уште под контрола.

Сепак, директорот на болницата за инфективни болести во Тирана, Најада Комо, им порача на граѓаните дека мора да разберат дека „решението не е во болничко лекување, каде го правиме невозможното за да се грижиме за тешко болните“.

Демонстранти против затворање

Гневот против властите и хроничната политичка нестабилност во регионот не помагаат.

Кревките влади во Косово и Северна Македонија, продолжува со анализата „Јутарњи“, кои имаат најголема стапка на смртност во регионот со 176 смртни случаи на милиони жители, се борат со кризата. Северна Македонија излегува на парламентарни избори во среда.

Во меѓувреме, српскиот претседател Александар Вучиќ ја плаќа цената за тоа што рече дека го победил коронавирусот пред парламентарните избори на 21-ви јуни, на кои победи неговата партија.

Откако го најави враќањето на полицискиот час на почетокот од минатата недела, тој беше принуден да се повлече пред лутите и повремено насилни улични протести.

Многу набудувачи веруваат дека на Балканот се укинале мерките за изолација премногу брзо.

Во Србија, баровите и ноќните клубови беа кратко повторно отворени како да поминала опасноста. Некои луѓе продолжија да се ракуваат.

Во претежно православната Македонија, верниците се вратија на традицијата да користат иста лажица.

Во Бугарија, Министерството за здравство даде зелено светло за отворање ноќни клубови и дискотеки, само три дена откако тие затворија, како резултат на зголемувањето на случаите.

„Непочитувањето на правилата за социјално растојание во голема мерка овозможи пренесување на вирусот, кој се манифестира поагресивно“, рече епидемиологот Евген Томини од албанскиот институт за јавно здравје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.