Коронавирус нема во 15 земји во светот, Гренланд и 14 африкански

Новиот коронавирус Ковид-19 до утринава не е забележан во 15 земји, додека најголем број заразени и починати има во Италија и Иран, покажуваат податоците од статистичките центри.

Ворлдметар (Worldometer) покажува дека пандемијата зафати повеќе од 180 земји во светот.

Меѓу земјите во кои нема ниту еден случај на заболен со коронавирус е Гренланд, каде што има околу 55.000 жители.

Засега вирусот го нема и во африканските земји: Боцвана, Зимбабве, Мозамбик, Мадагаскар, Намибија, Ангола, Либија, Мали, Малави, Коморос, Уганда, Јужен Судан, Папуа Нова Гвинеја и Јемен.