Коронавирус откриен во три предучилишни установи во Србија

Со коронавирус во Србија се заразени три вработени во градинки, потврди вчера министерот за образование, Младен Шарчевиќ.

Истакнал дека прво во Мајданпек заболеле две воспитувачки, а потоа во Лесковац и Власотинци. Тој нагласил дека и пред резултатите да бидат познати имале информации дека две воспитувачки се заразени со коронавирусот.

„Таму е одложен почетокот на работата, бидејќи тоа е мало места, една установа и одреден е карантин“, рекол Шарчевиќ.

Воспитувачката од Власотинци која е позитивна на коронавирус на работа била 15 минути пред да и јават дека е позитивна на Ковид-19. Според српските медиуми, таа немала никакви симптоми и во моментов е во ковид-болницата во Лесковац.