Коронавирусот ја затвори „ОДВ Електрик“ во охридско-струшкиот регион

112

Коронавирусот ја затвори првата странска инвестиција во охридско-струшкиот регион, „ОДВ Електрик“ со повеќе од 450 вработени. Од Центарот за јавно здравје потврдуваат дека коронавирусот е дијагностициран кај едно лице вработено во оваа германска компанија од областа на автомобилската индустрија, објави телевизија Алфа.

Заразената која одела на работа до 8-ми мај, е со лесна клиничка слика и нејзиното лекување се спроведува во домашни услови. Компанијата во која денес се врши целосна дезинфекција, ќе биде затворена најмалку до 23-ти мај, велат од Центарот за јавно здравје. Од таму додаваат дека ќе се тестираат само оние лица кај кои евентуално ќе се појават симптоми, но 90 лица кои биле во непосреден контакт со заразената и со уште двајца други вработени, кои иако се негативни, имале контакт со заразен од опасниот вирус.

Проект менаџерот на компанијата, Огнен Цубалески тврди дека строго се почитувале сите пропишани мерки на претпазливост.

– Според моите сознанија, не постои 100%-на заштита од вируси, но компанијата и сите вработени го даваат својот максимум за да обезбедат безбедна работна средина. Јас лично, како и останатите колеги, не очекуваме да се развијат повеќе случаи на заболени од корона. Појавувањето на првиот случај на заразен од корона грип, не принуди да ја затвориме фабриката,но поради падот на побарувачката на светскиот пазар, „ОДВ Електрик“ планираше да го прекине производството следната недели, вели за Алфа проект меџњерот на компанијата, Огнен Цубалески.

„ОДВ Електрик“ произведува за познати купувачи и нивни нарачки. Дали и колку ќе работиме не зависи од нас, туку од светскиот пазар на автомобили, вели Цубалески кој отворено зборува и за финансиските загуби на компанијата од појавата на Ковид-19.

Производството во април и мај е паднато на 1/3 од очекуваното, додека трошоците се непроменети. Во моментов целосниот ефект од запирањето на економскиот живот воопшто не може да се процени, само е јасно дека оваа економска криза ќе биде многу по-силна од сите досегашни економски кризи што ги имаме доживеано после втората светска војна.

До сега успеавме да ги задржиме сите вработени и ќе сториме се’ да нема отпуштања, вели Цубалески но за жал, овде последниот збор ќе биде кажан од светскиот пазар, којшто не само „ОДВ Електрик“, туку и целата Македонска економија ќе мора да го следи. Во моментов никој во светот не може да процени колку ќе биде голем падот на економијата и кога ќе почнеме со опоравување, додава Цубалески.

Извор: Алфа

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.