Коронавирусот директен причинител за смртта кај 89 отсто починати во Италија

ANSA/ MAURIZIO MAULE/ FOTOGRAMMA

Новиот коронавирус SARS-CoV-2, односно болеста која тој ја предизвикува Covid-19, е директен предизвикувач на смртта кај девет од десет заболени, покажува студијата објавена во четвртокот која дава нови сознанија за епидемијата којашто силно ги погоди северните италијански региони.

Италија од појавата на првите случаи на зараза со новиот коронавирус во февруари забележала околу 35.000 починати.

Здравствените власти објавија дека многу починати имале други здравствени проблеми, што отвори остра дебата за тоа дали коронавирусот е вистинскиот причинител за смртта.

Студијата којашто ја објавија Здравствениот институт и Националниот завод за статистика (Istat), покажува дека коронавирусот е директна причина за смртта на 89 отсто од жртвите на епидемијата во Италија.

Преостанатите 11 отсто имале коронавирус, но починале поради други заболувања, меѓу другото, поради кардиоваскуларни болести и деменција. Сепак, вирусот можел да ја влоши нивната состојба и да ја забрза смртта.

Примерокот на анализираните смртни случаи изнесувал 4.942 лица. Студијата се темели на бројот на смртните случаи забележани кон крајот на мај, кога Италија веќе ги олабави своите строги мерки.

Воспалението на белите дробови е забележана кај 79 отсто од луѓето чијашто смрт била поврзана директно со коронавирусот и била најчестата компликација меѓу заразените, покрај другите респораторни заболувања.

Во извшетајот се додава дека коронавирусот бил кобен и за некои лица кои немале никакви здавствени проблеми.