Коронавирусот ги менува правилата за одлучување во ЕУ

Ограничените можности за патувања и стравот од заразата со новиот коронавирус ја доведуваат во прашање работата на институциите на Европската унија, кои физичкото присуство на состаноците настојуваат да го надоместат преку видео-конференции, што, пак, од своја страна бара отстапување од утврдените правила.

Оваа седмица веќе беше одложен редовниот состанок на Советот за економски работи (Екофин), кој требаше да се одржи во вторникот. Состаноците на Советот за општи работи и на Советот за надворешни работи, коишто на распоредот се следната седмица, исто така, се откажани и наместо нив ќе се одржат видео-конференции. Откажан е и самитот кој требаше да се одржи следниот четврток и петок, и наместо него челниците на земјите членки на ЕУ ќе одржат видео-конференција, но само на темата коронавирус.

Во средата првпат не беше одржан во салата за состоаноци редовниот седмичен состанок на Европската комисија, туку еврокомесарите останаа да седат во своите кабинети и седницата ја одржаа преку видео-врска.

Генералниот секретаријат на Советот на ЕУ подготви предлози привремено, за еден месец, да се дерогираат некои одредби од Деловникот за да се обезбеди Советот да може да носи одлуки, имајќи предвид дека е тешко да е осигури физичкото присуство на министрите. Предлогот треба да го прифати Корепер, Комисијата на постојаните претставници, која на сочинуваат амбасадорите на државите членки.

Според деловникот на Советот, на состанокот мора да бидат присутни половината од министрите или државните секретари, односно лицата кои во името на своите влади може да преземаат обврски. Сега, во ситуациите кога не се осигурани условите за одржување на состанок на Советот, се предлага наместо тоа да се одржи видео-конференција. Меѓутоа, видео-конференцијата не се смета за состанок на Советот. А само на состанок на Советот може да се носат одлуки.

Во случај кога нема состанок на Советот, а мора да се усвојат формални одлуки, сега се предлага тоа да се направи преку писмена процедуара. Според Деловникот, актите на Советот за итно прашање мора да се донесат со писмено гласање кога Советот или Корепер едногласно ќе одлучат да ја користат оваа постапка.

На земјите членки им се поставува прашањето дали се согласуваат на одлучување преку писмена процедура. Сите членки треба со консензус да ја одобрат писмената постапка и потоа гласат според желбата за предложениот текст. Постои и поедноставена писмена постапка, ткн „премолчна постапка“. Во тој случај, се смета дека е релевантен текстот усвоен доколку до крајот на периодот кој го утврдил претседателството не пристигне негативен одговор, односно немањето одговор се смета за согласување.

Имајќи ја предвид сегашната ситуација, речиси е невозможно или многу тешко да се осигури кворум, како што бара Деловникот. Оттаму, генералниот секретаријат на Советот предлага привремено на еден месец, со можност за повторно продолжување, да се дерогира одредбата за кворум, така што во минималниот број потребен за кворумот ќе се сметаат и оние членови на Советот кои поради вонредните околности не можат физички да бидат присутни, туку учествуваат преку видео-врска.

Според овој предлог, во седиштето на Советот во Брисел, би морало да бидат физички присутни само претседателот, претствникот на генералниот секретаријата на Советот и комесарот на Европската комисија. Сите земји членки мораат да бидат застапени во салата за состаноцои, при што тоа може да бидат и амбасадорите, додека нивните министри или државни сектретари би учествувале преку видео-врска.

Членовите на Советот кои учествуваат преко видео-конференција, би требало да преземат мерки за да се осигури почитувањето на правилата за професионална тајна. Во случаите кога со технолошките средства не може да се осигури заштита на класифицираните податоци, ЕУ во согласност со безбедносните правила, за тоа прашање не би расправала преку видео-конференција.

Генералниот секретаријат предлага состаноците на Советот, кои во април треба да се одржуваат во Луксембург, следниот месец исклучиво да се одржуваат во Брисел. Според Деловникот на Советот на ЕУ, сите состаноци се одржуваат во Брисел, освен оние во април, јуни и октомври, кога се одржуваат во Луксембург,

И Европскиот парламент се подготвува за гласање на оддалеченост. Челниците на парламентот одлучија да свикаат вонредна пленарна седница во четврток на 26-ти март, за да може да гласаат за мерките кои ЕК ги предложи во врска со коронавирусот. Така, првпат во историјката на пленарна седница ќе се гласа на оддалеченост, преку електронска пошта.

Европскиот парламент во четвртокот одложи две предвидени куси пленарни седници за 1-ви и 2-ри априрл, и за 22-ри и 23-ти април. Четиридневните пленарни седници кои требаше да се одржат во Стразбур во мај, јуни и јули, се скусени во дводневни мини-пленарни седници во Брисел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.