Коронавирусот и во Нагетс, НБА ги затвора клубовите

(AP Photo/Rich Pedroncelli)

По Јута Џез, Детроит Пистонс и Бруклин Нетс, Денвер Нагетс се четвртата екипа во американската НБА лига во која има член позитивен на коронавирусот Covid-19.

Од Нагетс не сакаат да го откријат идентитетот на заболениот, ниту дали станува збор за играч или за член на управата или, пак, за дел од персоналот.

„Лицето коешто е тестирано откако на 16-ти март покажа симптоми конзинстентни на Covid-19, моментално се наоѓа под надзор на медицински персонал и во самоизолација. Тестирањето е спроведено врз основа на насоките од државните службеници на јавното здравство и лекарски тим“, порачаа од Денвер Нагетс.

Сезоната во НБА лигата беше прекината минатата седмица откако францускиот центар на Јута Џез, Руди Гобер беше позитивен на коронавирусот. Освен Гобер, заразени се и неговиот соиграч Донован Мичел, играчот на Детроит Пистонс – Кристијан Вуд, и дури четворица играчи на на Бруклин Нетс, меѓу кои и ѕвездата Кевин Дуран.

По последниот случај на заразата, раководството на НБА лигата им порача на клубовите да ги затворат на недоредено време салите, просториите за третинг, каки другите клупски простории.

Лигата претходно соопшти дека ирачите и вработените можат да престојуваат во клупските простории, под одредени услови. Но отсега, играчите ќе може да тренираат единствено од дома.

НБА, исто така, ги поттикнува играчите да останат изолирани во своите домови, а да ги напуштаат само кога имаат потреба да набават продукти или лекови, пренесува мрежата ESPN.

Пред неколку ден, комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, порача дека се надева оти „може да се спаси барем дел, од сезоната 2020-та која е прекината поради пандемијата од коронавирусот“.

Силвер гостувајќи на телевизиската станица ESPN зборуваше за иднината на НБА првенството, прекинато поради појавата на заразата и меѓу играчите.

„Не знам каколку ова ќе трае. Минатата седмица рековме дека ќе трае најмалку 30 дена, но во овој момент навистина не знам. По природа сум оптимист и би сакал да верувам дека рече Силвер.

Истакна дека продолжувањето на сезоната е невозможно без одобрување на властите. Притоа наведе три можни сценарија.

„Едниот е да се играат натпревари со гледачи, колку што тоа е можно. Вториот е играње на натпреварите без гледачи. А третиот, организирање егзибициски натпревари во која би играле неколку играчи, можеби со цел собирање средства или едноставно за доброто на луѓето“, наброи Силвер.