Коронавирусот и во Турција

Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа објави доцна ноќта во вторникот дека е забележан првиот случај на зараза со новиот сој коронавирус во дражавата.

Коронавирусот е откриен кај машки пациент. Тој е државјанина на Турција кој во татковината неодмана се вратил од Европа. Ставен е во карантин и неговата состојба лекарите ја оценуваат како стабилна. Неговото семејство е ставено под медицински надзор, додаде Коџа, без да го наведе местото каде е регистрана заразата.

Турција беше една од последните држави од поширокото европско соседство во која досега не беше регистриран ниедне случај, на вирусот, покрај Либија. Според амероканскиот универзитет „Џонс Хопкинс“ кој ја следи епидемијата во светот, коронавирусот во Европа уште не е пријавен само во Црна Гора и на Косово.