Коронавирусот може да се пренесе еден до три дена пред појавата на симптомите

Луѓето заразени со короанвирусот може да заразат друго лица еден до три дена пред да се појават првите симптоми, покажува студијата на американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC).

Истражувањето, коешто ја истакнува важноста од одржување на социјалното дистанцирање во борбата против ширењето на зразата, следело 243 случаи на Covid-19 во Сингапур во периодот меѓу 23-ти јануари и 16-ти март.

Идентификувни биле седум „групи“ кај коишто е можно пренесувањето на заразата пред појава на симптомите. Кај четири групи, во сличауте коај можела да се утврди изложеноста, пренесувањето се случувало еден до три дена пред кај пациентот да се појават првите симптоми.

Оваа студија покажува дека не е доволно сопственото движење да го ограничат само луѓето кои покажуваат симптоми, се наведува во извештајот на CDC објавен во средата.

Пренесувањето на заразата се случува преку капличен пат,  преку респираторни аeросоли oд заразено лице по пат на кашлање и кивање, но дури и преку говор и други вокални активности, како што е пеењето, со тоа што оваа стапка зависи од гласноста и висната на гласот, според истражувачите.

Иако ова истражување билео многу внимателно надгледувано, од CDC велат дека е можно на резултатите да влијаело неправилното пријавување на случаите, особено ако лицата имале благи симптоми. Имајќи предвид дека во моментов во светот главно се тестираат луѓето кои покажуваат симптоми, научниците веруваат дека асимотпатката болест се „провлекува под радарите“.