Коронавирусот може да зарази две третини од Германците, предупредува Меркел

Германија нема да штеди пари во справувањето со новиот сој коронавирус Covid-19 кој веројатно ќе зарази до 70 отсто од вкупното население на најголемата европска економија, предупреди во средата германската канцеларка Ангела Меркел.

„Ќе сториме сѐ што е неопходно да го преживееме ова. И тогаш, на карјот, ќе видиме што тоа значи за нашиот буџет“, изјави Меркел пред новинарите, сугерирајќи дека се оддалеќува од политиките на незадолжување.

Признавајќи дена не знае како кризата ќе се развива, Меркел предупреди на големата опасност.

„Кога вирусот е во воздухот, а населението не е имуно и нема вакцина или терапија, веројатно е дека висок процент, експерите велат 60 до 70 отсто, од населението ќе се зарази, толку долго додека е таква ситуацијата“, истакна германската канцеларка.

Меркел предизвика критика од чешкиот премиер, кој забележа дека нејзините изјави може да предизвикаат паника.

Германија потврди три смртни случаи поврзани со коронавирусот и прајува 1.296 заразени лица, според податоците на надлежниот за пидемијата Институтот за контрола на болесите „Роберт Кох“.

Изјавата на Меркел дојде откако високотиражниот и влијателен дневен весник Bild ја обвини за „корона хаос“. „Никој не се појавува, никој не зборува, нема водство во оваа криза“, пишува весникот.

Канцеларката ги повика Германците да водат сметка за личната хигиена, и за тоа со кого се во контакт, а им препорача и наместо ракување попрвио „подолго да се погледаат во очите“.

„Ќе сториме сѐ што е потребно за земјата и заедно со Европа/… Во овој момент не можеме да ги процениме последиците за економијата…. но ќе реагираме“, додаде Меркел чијашто влада вети „правовремени и насочени“ мерки.