Коронавирусот на кожата живее 9 часа, пет пати подолго од вирусот на грипот

162

Новооткриениот коронавирус SARS-CoV-2 на човечката кожа е активен девет часа, пет пати подолго отколку вирусот на грипот, утврдиле јапонските научници чија студија е објавена во медицинското списание Clinical Infectious Diseases.

Ова откривање повторно, според научниците, укажува на потребата од често миење на рацете за справувањето со пандемијата со респираторната болес Covid-19 чиј патоген е овој коронавирус да биде што поефикасна.

За споредба, патогенот кој го предизвикува сезонскиот грип на човечката кожа преживува околу 1,8 часови, според споменатото истражување.

Инаку, и коронавирусот и вирусот на грипот се инактивираат во рок од 15 секунди по примената на етанолот кој се наоѓа во средствата за дезинекција на рацете/

„Деветчасовното преживување на SARS-CoV-2 на човечката кожа, сојот на вирусот кој предизвикува Covid-19, може да го зголеми ризикот од неговото пренесува со контакт во споредна со IAV, вирусот на грипот од типот А, влијаејќи така на забрзување на ширењето на пандемијата“, предупредуваат јапонските научници.

Во своето истражување тестирале примероци од кожа земени во текот на обдукциски постапки околу еден ден по смртта на пациентот.

„Подолгото преживување на SARS-CoV-2 на кожата го зголемува ризикот од пренесување со контакт, но редовната хигиена на рацете може да го намали овој ризик“, се заклучува во студијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.