Коронавирусот не ги поштедува ниту децата, двомесечно бебе е најмалиот заразен пациент

Коронавирусот не ги поштедува ниту децата. Осум деца се позитивни на Ковид-19 и се хоспитализирани во детската болница Козле. Две од нив се на кислородна поддршка. Пред три дена е хоспитализирано новороденче, а најголемото дете заразено со Ковид-19 има 15 години, објавува ТВ21.

„Во болницата во Козле која се користи како Ковид центар за деца, хоспитализирани се 12 деца заразени со коронавирус. Во моментов 8 од нив се позитивни, две од нив се на кислородна поддршка. Најмалиот пациент е стар само 2 месеца, а најголемото дете 15 години. Нивната здравствена состојба е стабилна“, посочи репортерката на ТВ21.

Од Министерството за здравство информираат дека состојбата на заразените деца со корона вирус е стабилна и се третираат со потребната терапија.

Целата вест прочитајте ја ТУКА.