Коронавирусот неконтролирано се шири во скопските општини и околните населени места

Главниот град Скопје повторно е населеното место во Македонија со највисок случај потврдени нови зарази со коронавирусот во последните 24 часа, ги има вкупно 75.

Речиси тројно е помал бројот на оздравените пациенити од Скопје во последното деноноќие, односно 24. Покрај тоа, од четирите смртни случаи во земјата како последица на компликациите предизвикани од Covid-19, три се од Скопје, и тоа на 55, 80 и 81-годишна возраст

Од вкупно 2.327 активни случаи на коронаинфекцијата во земјата, во Скопје се во моментов има 772 случаи, додека од досега вкупно поитврдените случаи на коронавирусот во земјата 1.8138 од почетокот на епидемијата, во главниот град се потврдени 7.100 зарази.

Активни случаи по општини Скопје денеска

•Чаир – 56

•Гази Баба – 88

•Аеродром – 123

•Карпош – 99

•Центар – 118

•Кисела Вода – 96

•Ѓорче Петров – 55

•Бутел – 29

•Шуто Оризари – 17

•Студеничани – 8

•Сарај – 15

•Арачиново – 5

•Илинден – 33

•Сопиште – 3

•Чучер Сандево – 6

•Петровец – 5

•Зелениково – 2

•Странец – 10

•Нераспределен-7