Коронавирусот продолжува да коси – во светот починле близу 4,5 милиони луѓе

Четири милиони и 451.888 луѓе досега починаа од Ковид-19 во светот, додека 213.100,070 се заразени, покажуваат најновите податоци.

Бројот на официјално заразени не го одразува вистинскиот број на заразени, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребен болнички третман.

САД се најтешко погодени, со 630.816 мртви и 38.075,085 заразени. Следуваат Бразил со 575.742 смртни случаи и 20.614,866 случаи на инфекција, Индија со 435.758 смртни случаи (32.512,366 заразени), Мексико со 254.466 смртни случаи (3.249,878 заразени) и Перу со 197.944 смртни случаи (2.143,691 заразени).

Меѓу најтешко погодените земји, Перу има најмногу смртни случаи во однос на населението, 600 на 100.000 жители. Потоа следуваат Унгарија (311), БиХ (297), Чешка (284), Северна Македонија (275) и Бразил (271).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.