Коронавирусот се шири во српската влада

Корона вирусот се шири во српската Влада.

Министерот за одбрана Александар Вулин, претседателката на Собранието, Маја Гојковиќ и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ се позитивни на ковид-19.

Гојковиќ има влошена клиничка слика и поради констатирано воспаление на белите дробови е пренесена во ковид болницата КБЦ „Бежаниска коса“.

Вулин, според официјалните податоци е тестиран и е утврдено дека е заразен, откако државниот секретар во министерството е хоспитализиран со наод дека заболел од ковид-19.

Тој засега е со лесна клиничка слика, исто како и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ.

Се претпоставува дека бројот на членови на Владата, особено од владејачката партија Српска напредна странка (СНС) ќе се зголемува, со оглед дека без никаква заштита, без маски и физичка дистанца, сите заедно, во неделата ги чекаа резултатите од изборите и ја прославуваа победата.

Од кабинетот на претседателот Александар Вучиќ, кој истата вечер беше во директен контакт со нив, нема информации дали и тој е тестиран.

Позитивни и генералниот секретар на министерството за надворешни работи, Вељко Обрадовиќ и претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж.

Можно е да се вратат рестриктивните мерки во Србија.