Коронавирусoт стаса и до Нова Каледонија

Француската прекуморска територија Нова Каледонија која беше една од ретките места на планетата која не беа зафатени од Covid-19 се „затвора“ поради откривање на девет случаи на заразата со коронавирусот, објавија локалните власти во неделета.

Жариштето на коронавирусот на францускиот архипелаг е откриено откако се разболел директор на училиште на островите Валис и Футуна, исто така, француска територија во Тихиот Океан и ги натера властите да проверат дали има случаи на коронавирусот.

„Според првите индиции, пациентот ги развил симптомите кон средината на февруари и би можело да има заразени на Валис и Футуна од крајот на јануари“, изјави за локалните медиуми Тиери Санта, шеф на локалната влада на Нова Каледонија.

Досега немаше ограничување на патувањата меѓу двете француски територии, но секое лица по враќањето од другите региони мораше да оди во строг хотелски 14-дневен карантин.

Нова Каледонија се „затвора“ во следните две седмици од понеделникот вечерта, најави Санта за да се „сузбие ширењето на вирусот додека сѐ уште има време“.

Архипелагот претходно успешно го спречи пренесувањето на коронавирусот во заедницата која го погоди речиси секое место во светот.

Нова Каледонија, која се наоѓат крај северозападниот брег на Австралија, станала франциска територија во 1853 година и во почетокот била казнена колонија за криминалци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.