Коронивирусот ги наруши американските претседателски избори, Бајден подзаборавен од јавноста

Опасноста од епидемијата на коронавирусот вниманието на јавноста во САД го насочи на одговорот на властите на предизвиците од ширење на болеста, додека примарните претседателски избори на демократите се најдоа во втор план.

Изборите се поместени за подоцни даумти, во мај и јуни, додека откажани се сите митинзи закажани за март и април на двајцата останати кандидати за номинација, поранешниот потпретседател Џо Бајден и сенаторот од Вермонт Берни Сандрес.

Коронивирусот, што се прошири во светска пандемија, ги наруши американските претстедателси избори, иако до пред една недела сите очекуваа дека со пробивот на Бајден, кој победи во изминатите два изборни циклуса, се поизвесни се дуели меѓу него и актуалниот претседател, Доналд Трамп, чија кулминација се изборите на 3 ноември.

Ситуацијата со вирусот засега е критична, и во некои политички кругови се размислува и за законски можности за одлагање на претседателските избори, иако, реално, тоа заега е малку веројатно.

Некои демократски стратези сметаат дека Бајден, кој со победите стана можен претседателски кандидат од голема политичка партија, е најодговорен за губењето на фокусот од јавноста. Тој како да се воздржува од јавни настапи, откако поради опасност од вирусот, отвори студио во својот дом во сојузната држава Делавер, и оттаму праќа ретки пораки.

Така, неговото прво обраќање од ова студио вчера не одеше во живо, и сите телевизиски мрежи одлучија место тоа да го пренесуваат брифингот за коронавирусот на Ендру Куомо, гувернерот на Њујорк.

Набљудувачите оценуваат дека Бајден треба да биде поактивен и да настапува почесто, кога Американците бараат лидерство способно да се справи во кризни ситуации. Да го искористи слободното време со блиц телевизиски јавувања, настапи во недела, и дневни емисии, кога мнозинство од Американците седат дома залепени пред екраните.

-Задачата е тој да пресече, кога Американците се преокупирани од вирусот кој е во сите вести, и само за тоа се зборува, дали во Сенатот, на брифинзите во Белата куќа, или во болниците, изјави Џим Маргилис, искусен демократски стратег.

Од кампањата на Бајден најавија дека претседателскиот кандидат, сепак има план да настапува секојдневно на емисија на „Еј-би-си“, заклучно од денес, и да се обиде да даде контратежа на секојдневните бифинзи на претседателот Доналд Трамп во Белата куќа, во однос на борбата со коронавирусот.

Трамп, пак, кој првично ја минимизираше опасноста од коронавируот, сега ги користи овие брифинзи, пренесувани во живо од телевизиите, за да привлече медиумско внимание, и да шири оптимизам дека епидемијата е под контрола, јавуваат некои американски медиуми.

Се вели дека откако се чинеше дека ја надминаа внатрепартиската борба за номинација, демократите од ова се најдоа фрустрирани. Покрај фактичкиот успех во трката со Сандерс, Бајден ќе биде принуден повторно да ја осмислува кампањата, за да се поврзе со избирачите и донаторите, но и за да го сврти вниманеито на јавноста кон него, откако Трамп го украде, како предводник на одговорот на нацијата на кризата, предизвикана од коронавирусот.

-Нема да има донаторски забави со големи износи, а тоа ќе предизвика штета, смета Ед Рендел, поддржувач на Бајден и поранешен гувернер на Пенсилванија кој претседава со Демократскиот национален комитет.

Тој сепак смета дека Бајден кој беше потпретседател, и покрај реткото појавување на телевизија, ќе остане релевантен кандидат поради неговото повеќедецениско присуство во јавниот живот на САД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.