Короноварус дијагностициран кај Американка во Малезија

Малезиското министерство за здравство соопшти во саботата дека 83-годишна Американа по тестирањето е позитивна на новиот сој коронавирус, што е 22-ри случај на оваа болест во земјата.

Жената во петокот слетала во Малезија заедно со уште 145 патници на туристичкиот крстосувач „Westerdam“, на кој во четвртокот му беше одобрено вкутувањето во камбоџанското притстанише Сихануквил, откако беше одбиен од пет земји.

Жената е прво лица од бродот „Westerdam“, кај кое е потврдена заразата со коронавирус. И нејзиниот сопруг имал симптоми, но неговиот тест бил негативен. Оваа двоја е единственота меѓу 145-те патнции кои имале симптоми, наведува агенцијата Reuters.

Бродот во американска сопственост, на кој имало 1.455 патници и 802 членови на екипажот, две седмици беше на отворено море откако пет земји не му одобрија впловување. Патниците биле редовно прегледувани додека биле на бородот, но ниту кај едно лице досега не беше потврден коронавирусот.

Туристичкиот крстосувач „Westerdam“ е сопственост на компанијата „Holland America Line“, а во Камбоџа во Сухануквил се вкотви доцна во четвртокот откако претходно впловување му одбија Филипини, Тајван, Јапонија, Јужна Коред и Тајланд, како и американската територија Гуам, поради непотврдените стравувања од зараза со коронавирусот.

На бродот во саботата останале помалку од 300 лица, бидејќи патниците се упатени во нивните татковини преку аеродромоте во Пном Пен и Куала Лумпур во Малезија.

Американскиот претседаетл Доналд Трамп ѝ се заблагодари на Камбоџа за прифаќањето на бродот. Патничките крстосувачи ширум Азија предизвикуваат страв во пристаништата, бидејќи локалното население се плаши од ширењето на вирусот. Виетнам, така, во петокот одби да прими во своите пристаништа два брода.

Со случајот на Американката заразена со коронавирусот го зголеми бројот на потврдените случаи во Малезија на 22 пациенти. Осумдесетгодишниот кинески турист кој почина во болница во Париз од пневмонија предизвикана од коронавирусот, е првата жртва во Европа, односно четврта надвор од континентална Кина. Сингапурското министерство за здравство извести во саботата за пет нови случаи на коронавирусот, по што вкупниот број заразени во оваа земја се искаќи на 72 лица.