Корупцијата во високото образование и нејзината опасност за демократијата

По објавениот индекс за перцепција на корупцијата на меѓународната организација „Транспаренси“, Македонија за 2022 година е рангирана на 87-то место од 180 земји. Во околината на Македонија на таа ранг листа е и Косово. Пред нас се: Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Грција и Словенија. Индексот за перцепција на корупцијата се дефинира како „злоупотреба на јавната моќ за приватна корист“. За состојбите во високото образование напишани се толку многу текстови од мене и од други познавачи на состојбите. Очигледно е дека корупцијата толку е навлезена во сите пори во општественото живеење, а во тие рамки и во високото образование заради што не постои системски пристап за искоренување на ова зло. Затоа ја повикувам Владата на Македонија и заменик на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење г-ѓа Славица Грковска, да ги преиспитаат своите владини функционери и поставени владини личности кои има перцепција за образовен криминал и корупција. Што покажуваат моите анализи.

Да се почне по ред:

Инспекцискиот совет, тело на Владата на Републиак Македонија, досега не сум забележал дека ги провериле фиктивните записници на инспекторите за високо образование кои се изготвени заради редовен или вонреден надзор на државните (јавните) и приватните универзитети. Имено, до Инспекцискиот совет се доставени барања за преиспитување и преземање законски мерки (УПП16-349 од 02.12.2021) и да известат: Дали на секој факултет се вработени најмалку 10 лица кои се избрани во наставно-научни звања согласно член 61 став 3 од ЗВО, каде стои цитирам: „…доколку на универзитетот се вработени лица избрани во наставно-научни, научни и наставни звања во работен однос со полно работно време за изведување на најмалку 50% од часовите на настава на студиските програми за кои се бара акредитација (дозвола за работа), а најмалку 10 лица во наставно-научни звања во работен однос, со полно работно време на секој од факултетите во состав на универзитетот“. Инспекцискиот совет конечно треба да проговори дали се почитуваат одредбите од Законот за високото образование во однос на просторните услови на универзитетите! Кој дозволи универзитетите да се симнат на ниво на продавници за дипломи??? Односно како е можно една продавница да има повеќе квадратура отколку еден универзитет??? А, има подзаконски акт за просторните услови кои треба да ги имаат универзитетите???? Од авион се гледа дека на пример на „Европскиот универзитет“ има огромна ознака – ЈП „Национални шуми“ кое како владино претпријатие користи речиси еден спрат, а сепак има дозвола за работа!!!, за „Американ универзитет“ – омилениот универзитет на власта, каде покрај универзитет има и средно училиште??? Колкав е просторот на универзитетот „Есра“ во Скопје, на универзиетот на Мерко од каде доаѓа министерот за образование??? До каде се докторските студии на Славјанскиот универзитет и бугарскиот универзитетет??? Дали е точно дека вработени во МОН кои даваат заштита на овој универзитет се запишани на докторски студии??? Кој надлежен од Министерството за образование дозволува универзитетите да ги изнајмуваат просториите наменети за професорите и студентите и останатите членови на академската заедница??? Зошто сеуште не е притворен??? Дали ова не е случај на корупција???? Македонија е на дното на корупуција токму и поради овие случаи!

Досега нема никаков извештај? Зошто таква поспаност и безволие не ми е јасно од претседателот и членовите на Испекцискиот совет?! Дали се незадоволни од платите кои ги земаат како функционери во Инспекцискиот совет, дали има други причини е милионско прашање. Нивната транспарентност е непостоечка и несоодветна за демократската правна држава.

Затоа, барам претседателот и членовите на Инспекцискиот совет итно да донесат програма, според која ќе имаат можност по случаен избор да контролираат записници за извршени надзор од страна на Државниот просветен инспекторат. Ова треба да го истражат надлежните институции. Како и заменик на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење г-ѓа Славица Грковска.

Агенцијата за квалитет на високото образование преку нејзиниот директор Агим Рушити владин функционер, исто така придонесува за уривање на високото образование кај нас. Агим Рушити ако може да ми одговори дали е точно дека високообразовна дејност – испити итн. спроведува во просториите на Агенцијата? Дали за работно време извршува дополнитална дејност на Педагошкиот факултет-Скопје (математика-Комбинаторика со елементи) и на Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје (Информатика)?Јавно е дека тоа се случува, а ние како граѓани имаме право да побараме одговор. Треба јавно да одговори. Затоа што, може да се констатира дека има судир на интереси и злоупотреба на својата службена должност!!! Дали истиот обезбедил согласност за обавување на дополнителна дејност од институцијата која е надлежна за него? Дотолку повеќе што според новиот ЗВО: „едно лице неможе да биде избрано во насловно звање на повеќе од еден универзитет“. Тогаш како може да очекуваме дека гореспоменатата Агенција за квалитет на високото образование под раководство на именованиот Агим Рушити може да врши контрола на универзитетите каде се откриени и има доста незаконитости, кога самиот Агим Рушити е активен во незаконитости во високото образование! Тој целосно се залага и бара да биде вработен неговиот син Алмир Рушити на Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје. На истиот универзитет на студиската програма Царина и осигурување нема соодветен наставен кадар согласно ЗВО. На сето ова кумува владиниот функционер Агим Рушити, кој е миленик на политичката партија ДУИ. Затоа се обраќам до заменик на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење г-ѓа Славица Грковска, да преземе активности согласно нејзините надлежности кон владини функционери и поставени во Инспекцискиот совет (ИС). И да испита: Зошто директорот за Квалитет на високото образование, молчи и недава никакви изјави за скандалите и корупција во високото образование, поконкретно на Универзитетот во Тетово, Универзитетот во Струга (на министерот Јетон Шаќири), Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје, МИТ… со плагијати, докторски плагијати на научни трудови, докторски дисертации и слично, кои преставуваат најголемиот срам за академската фела. Чин со кој се прегазува професионалната етика, моралноста на високото образование во Републиката! Ова е работа на Владата, ИС, Државниот просветен инспекторат, но овие надлежни институции не функционираат. Има взаемна соработка со раководните луѓе како што е со ректорот на Универзитетот во Тетово, ФОН-Скопје, универзитетот „Мајка Тереза”-Скопје, така го поставувам прашањето: Дали Африм Саљиу како раководител на секторот за високо образование за инспекциски надзор во високото образование е во улога на политички курир (ДУИ) го инструира Агим Рушити и ректорот Зеќири во врска со сите постапки кои ќе бидат превземени и го поучува ректорот во врска со постапувањата по одредени записници, решенија и други акти, се’ со цел ненавремено и нецелосно спроведување на постапки на констатираните недоследности од кои самите институции и ние граѓаните имаме последици.

Затоа е време г-ѓа Славица Грковска да преземете конкретни чекори. Тоа го бараат сите граѓани во оваа држава!

Марина Митревска и членовите од Одборот за евалуација се за сликање при посета на приватни универзитети. Дали може да го објави јавно и транспарентно извештајот за својата работа како претседател на овој одбор. Оваа професорка која се прошета од Одборот за акредитација до Одборот за евалуација ужива привилегии како функционер и затоа барам да ми одговори на моето прашање како граѓанин на оваа демократска држава. Да се знае поконкретно, професорот д-р Марина Митреска, нема извршено ниедна евалуација (вреднување) на ниеден јавен и приватен универзитет во Македонија. Во нормална и правна држава веднаш после вакви образовни криминални скандали во високото образование си поднесува оставка. Ама таму (нормални држави) постои високо развиена свест и чувство за одговорност и при помали аномалии во високото образование. А кај нас?! Кои се одговорни за ваквите аномалии во високото образование. Како го оправдуваат нивното постоење како орган, кога ништо  не сработиле?! Самиот овој чин доволно говори за учество и самоучество во образовниот криминал во високото образование, состојби кои  се загрижувачки и алармантни.

Со какви проблеми се соочува Националниот совет

Националниот совет за високо образование и научни истражуавачка дејност е формирана во јуни 2021 година, согласно ЗВО од 2018 година. За почитуваните читатели да им биде појасно дека Националниот совет како самостоен стручен орган тој треба да работи на обезбедување, оценување, развој и унапредување на квалитетот во високото образование и научно-истражувачката дејност во државава. Што е направено досега за остварување на овaа цел?

По три години од донесувањето на ЗВО во јуни 2021 година, е формиран Националниот совет за високото образование и научноистражувачка дејност чиј претседател на овој совет е професор д-р Тодор Серафимовски. Према исказите на претседателот проф. д-р Тодор Серафимовски, кои се криминални, меѓу другото ќе изјави: „…Во изминатиот период, 15-члениот Совет работи на подзаконски акти и на новите правилници, усогласени со европските директиви, по кои треба да работат Одборот за акредитација и за евалуација. Правилникот за евалуација е донесен и веќе е во тек конкурс за надворешни експерти што ќе бидат вклучени во евалуацијата на домашните универзитети. Но, Правилникот за акредитација сеуште не е донесен поради тоа што тој одбор не одговорил на забелешките на Сенатот… Двата одбори, кои се во составот на Агенцијата за квалитетот на високото образование, не ја исполнуваат и нивната законска обврска да доставуваат шестмесечни извештаи до советот кој заедно со МОН е првостепена контрола на нивната работа… но, Владата треба да си востанови друга контрола, треба да има инспекциски служби во државата. Основно е да се дадат извештаи до Националниот совет, што им е законска обврска, а не ги пуштаат… Како ќе дојдеме побрзо до квалитет во високото образование ако ние меѓу себе не се почитуваме?“, Вели Серафимовски (Имаме 25 универзитети, дисперзијата доведе до пад на квалитетот на високото образование).

Што се крие зад ваквиот однос на Агенцијата за квалитет во високото образование и нивните одбори, кои се владини поставени луѓе се потврдува фактот дека неработењето законито на Агенцијата за квалитет на високото образование, е аларм за одговорности на првите луѓе на овие од директорот Агим Рушити и претседателите  и членовите на Одборите за акредитација и евалуација. Еве каде лежи корупцијата и криминалот во високото образование. Одговорност пред се треба да сноси и креаторот на овие состојби министерот за образование и наука Јетон Шаќири!!! Грковска вие сте на потег. Грковска, само ова видете од образовната корупција и да се испита (има и други).

Се поставува прашањето кое е во интерес и на самите студенти на универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје, до каде е постапката со извршениот контролниот инспекциски надзор од страна на Државниот просветен инспекторат (по моја преставка бр.09-1348 од 20.05.2022г.), каде што при истиот со записник и решение беа констатирани многубројни законски недоследности и како резултат на истата контрола беа поништени околу 20 (дваесет) на наставно – научни звања од проректор па се до доценти, професори и асистенти. Дали е на повидок нов скандал, што ќе ни приреди Државната комисија за одлучување во областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка?! Деновиве ќе видиме!.

Како е можно избор на Неритан Туркеши од соработничко звање во вонреден професор, нема континуитет во постапката за избор во наставно-научно звање, нема одлука за избор во наставно-научно звање доцент (спротивно на член 166 став 2,точка 4 од ЗВО) на кого при инспекцискиот надзор на личното досие му се утврдени незаконитости при избор во наставно-научно звање да истиот, покрај сето утврдено, биде унапреден во ДЕКАН на Факултетот за текнички науки, каде спаѓа и факултетот за ЦАРИНА. Дали тоа за Ректорот Академикот Зеќири преставува законска поволност или пак лична перцепција? Само да го потсетам ректорот Зеќири, од обавениот разговор во просториите во МАНУ со мене искажавте дека ќе работите законски. Но ова не е законски ректоре, ова е образовен криминал во високото образование. Се надевате на поволност да ви приреди Второстетената комисија за поплаки. На повидок ќе биде скандал!

Во што се состои стравот на Ректорот на Мајка Тереза г-дин Зеќири, а во врска со објавување на јавни огласи за пополнување на местата во факултетот за Царина кои без соодветен кадар предават избрани професори кои немале соодветена просечна оценка за избор и се избрани како Доценти како што е случајот со Доцент Урим Азири, кој е избран за царински предмети без просечна оцена и од сосема друга област, замислете од Политички науки!? И сите други наведени во записникот од извршен надзор… Која е причината поради која не се избираат соодветни личности кои се од самата област!?

Се поставува прашањето кои се законските обврски на Ректорот и на сите тела во Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје, дали обезбедување услови со кои треба да се гарантира наставно-образовниот процес или пак спроведување на лични или пак тесно (клански) групни интереси кои ги надминуваат законските одредби, дали правните одредби (содветна квалификација Докторат од областа, научно истражувачката дејност идр.) се битни во исполнување на законските услови или пак нечии препораки со лични амбиции. Ректорот и сите тела во Универзитетот се должни да пристапат кон решавање на наведените проблеми, бидејќи не знам дали се свесни дека тие се ДРЖАВНИ универзитети и се финансираат од наши стредства од стредствата на сите наши граѓани. Зошто совеста не проработува дека во тие институции се образуваат нови генерации кои требаат да бидат во соодветна област образувани од точни профилирани професори! До кога вака ќе се постапува самоволно и противзаконски и без чувство на лична морална одговорност, настрана кривичната која кога и да е ќе си биде на свое место по констатација од соодветните инсппекторати и органи. Дали објавувањето на јавни огласи за избор на професори на вашиот Факултет за царина, значи дека и понатака ќе продолжи да функционира (да не се избираат тие што се стручни професионални и достојни со критериум, правилник и стручни не по препорака и нечија нарачка со несоодветен професионален кадар-професори), и покрај тоа што од наши сознанија има такви точно профилирани и соодветни професори.

Зошто основачот Собранието на Репубика Македонија не сака да именува  преставници на јавните универзитети во Македонија?

Согласно Законот за високо образование (Сл весник на РМ,бр.82/2018)  универзитетите во Р.Македонија, треба да формираат Универзитетски совети. Универзитетскиот совет има најмногу 11 члена, во кои преставници именуваат Сенатите, Собранието на студентите, Стопанската комора и основачот Собранието на Република Македонија… (види член 104 од ЗВО).

Сите именуваа преставници, освен основачот Собранието на Република Македонија. Преставниците на јавните универзитети во Македонија, како што велат, доставиле писмени барања до основачот, поконкретно до првиот спикер Таљат Џафери. Но до ден денес, од страна на ОСНОВАЧОТ нема никаков одговор повеќе од четири години?! Почитувани читатели, а и Вие основачи, треба да знаете и вие пратеници од позиција и опозиција, овие Совети вршат надзор врз законитоста на работењето, заштита на автономијата, согледувања на материјалните и кадровските ресурси, нивна примена или злоупотреба и т.н.

Господа основачи, дали знаете што значи неименување членови од основачот СОБРАНИЕТО?

Тоа значи, дека основачот не го интересираат јавните универзитети, што ги формирала државата!!! Засрамете се господа основачи!!

Мора да додадам, дека тоа не е случајно. Зошто ако имате свои преставници, како што бара ЗАКОНОТ, најмалку еднаш годишно, ќе доставуваат информација – ИЗВЕШТАЈ до министерството надлежно за работата на високото образование и до сенатот на универзитетот. Тогаш нема каде да се бега од решавање на проблемите (кадар, средства за истражување, откривање на незаконитости и злоупотреби, плати и слично). Вака, ни лук јал, ни лук мирисал. Никој ништо не знае? (види чл.105 став 3 од ЗВО).

Претседателе на Собранието – Таљат Џафери, Вие сте соучесник во образовниот криминал и корупција, имате одговорност што од 2018 година, не ја ставате оваа точка на дневен ред, и кој ти дал право да не го почитуваш Законот кој ТИ си го потпишал!?

Затоа почитувани читатели високото јавно образование во Република Македонија е таму каде што е! Државата не ја интересираат јавните универзитети, а за приватните и да не зборуваме, кои свесно ги туркаат во криминал и корупција.

Јавното обвинителство да ми одговори, го известуваме јавно и за сето погоре наведено бараме дали има отворено предмет за високата корупција во високото образование, за која за жал уценетите студенти не смеат јавно да проговорат, за самоволно работење во службените постапувања, за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесното работење и други кривични дела од Кривичниот Законик со кои постапки и се нанесуваат материјална и нематеријална (нарушување на угледот на органите или институциите на државата) штета. Не ми се верува дека нема интерес да се пронајдат сите оние кои продаваат оценки, дипломи, оние кои ги плаќаат инспекторите за да ги ставаат под тепих овие криминали.

Дали постои антикорупциска програма во Државниот просветен инспекторат и дали се планира да се донесе? Ова е прашање за директорот на ДПИ?

Зошто МВР толку бавно ги води постапките за оние за кои има сомнеж дека  злоупотребиле буџетски средства во својство на Ректор, проректори, декани, правници и други лица од државниот универзитет во Битола??? Во нормална држава реакцијата ќе беше силна и енергична. И криминалците ќе беа во затвор.

Напред наведените образовни криминали и корупција ќе се достават до сите надлежни домашни институции и до амбасадите во Македонија.

Борба против криминалот и корупцијата во високото образование!!!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес